Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (23.03.2026) делови од Општина Брвеница ќе останат без електрична енергија во одредени временски интервали.
Без струја од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат делови од село Озормуште.
Во истиот период, од 09:00 до 14:00 часот, прекин ќе има и во делови од село Брвеница, конкретно на влезот од страната на градот.
Дополнително, од 09:30 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе останат и делови од село Челопек.
Надлежните апелираат до граѓаните за разбирање и навремено прилагодување на нивните обврски додека траат планираните прекини.
…












