Патничко возило било опожарено во скопското село Визбегово.
Според информациите, на 22 март 2026 година околу 02:28 часот, во СВР Скопје било пријавено дека гори автомобил „голф 6“, сопственост на лице со иницијали Ф.Е.С.
Пожарот бил изгаснат со помош на соседите, а за среќа нема повредени лица.
Надлежните служби преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на причините за пожарот.












