Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се очекува работите да бидат целосно завршени во рок од два месеци.

Поради тековните активности, водоснабдувањето во моментот се одвива преку регулациониот резервоар, што може да предизвика повремени и краткотрајни прекини. Од општината апелираат до граѓаните за разбирање додека трае реконструкцијата.
Тоневски потенцира дека санацијата е неопходна, бидејќи ќе се решат два значајни проблеми – истекувањето на вода кое предизвикува штети врз околните домови, како и загубите на вода за пиење.
Паралелно со реконструкцијата на резервоарот, се реализира и проект за алтернативно водоснабдување на Злетово, со што ќе се подобри сигурноста во снабдувањето со вода за жителите од овој регион.
Проектот се реализира со средства обезбедени од Владата на Република Македонија, во износ од речиси 6 милиони денари.
…












