среда, март 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Иран го одбива договорот за прекин на огнот предложен од САД

by Simovski
25.03.2026
in Свет
Иран нема да се откаже од конфликтот, вети генералот Хејдари

Иранските власти остро ги демантираа изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран наводно бара начин за прекин на конфликтот на Блискиот Исток.

Во телевизиско обраќање до јавноста, портпаролот на иранските вооружени сили, Ебрахим Золфагари, ги оцени американските тврдења како целосно неосновани, истакнувајќи дека САД, како што рече, „водат разговори сами со себе“. Според него, наративот за американска „стратешка надмоќ“ се распаѓа и се претвора во доказ за неуспех, додека Вашингтон се обидува да го претстави како дипломатска победа.

Золфагари беше дециден дека позицијата на Иран останува цврста и непроменета. Тој нагласи дека Техеран нема намера да прифаќа договори под притисок или во услови што ги диктираат САД, додавајќи дека договор меѓу двете земји не е опција – ниту во сегашноста, ниту во иднина.

Неговите изјави следуваат по информациите дека администрацијата на Трамп предложила план од 15 точки за прекин на огнот, кој, според извештаите, бил експресно одбиен од иранска страна.

Во исто време, ситуацијата на терен дополнително се заострува. Корпусот на исламската револуционерна гарда соопшти дека спровел серија ракетни и дронски напади врз цели во Израел, меѓу кои и во Тел Авив.

Паралелно, извештаи за напади пристигнуваат и од регионот на Персискиот Залив. Цели поврзани со американското воено присуство во Кувајт, Бахреин и Јордан биле погодени, додека во Кувајт е регистриран пожар во резервоар за гориво на меѓународниот аеродром, настанат по удар од дрон. Засега нема информации за повредени лица, но инцидентот дополнително ја зголемува загриженоста за можната ескалација на конфликтот.

Related Posts

Јоханес Хан се повлекува од функцијата специјален пратеник на ЕУ за Кипар

24.03.2026

Прислушувањето на Сијарто предизвикува дипломатски скандал во Унгарија

24.03.2026

Иран лансира серија ракетни напади врз Израел

24.03.2026

Саудискиот принц повика на продолжување на конфликтот со Иран

24.03.2026
trump

CNN: САД немаат јасна опција за завршување на војната во Персискиот Залив

24.03.2026
Третиот круг разговори во Женева денес меѓу Иран и САД

Пресврт во Иран: Техеран наводно прифаќа преговори со Вашингтон

24.03.2026

Препорачани Вести

Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

2 месеци ago

Македонската алијанса за европска интеграција: Македонците во Албанија се соочуваат со притисоци околу националните симболи

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Цената на Брент над 105 долари по барел: Конфликтот со Иран го зголемува инфлаторниот притисок

    Паднаа цените на нафтата по објавувањето на американскиот мировен план

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се затвора македонскиот сервис на Радио Слободна Европа на крајот од овој месец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • YouTube тестира AI што ве води директно до најинтересните моменти во видеата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Модернизација на АРМ: Пристигнаа првите „страјкер“ оклопни возила од САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран го одбива договорот за прекин на огнот предложен од САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.