среда, март 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: Западен Балкан може да привлече 4 теравати енергетски инвестиции

by Simovski
25.03.2026
in Македонија
Извор: Screenshot; Алфа Телевизија

Премиерот Христијан Мицкоски ја истакна важноста на заедничкиот настап на земјите од Западен Балкан за привлекување на идните енергетски инвестиции, потенцирајќи дека регионалната иницијатива може да донесе огромни резултати за иднината на енергетиката. Во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“, Мицкоски го сподели своето искуство од Светскиот економски форум во Давос, каде што учествувал на панел со Фатих Бирол од Светската енергетска агенција, американскиот секретар за енергетика и челниците на АЕС и АРАМКО.

На дискусијата биле разгледувани глобалните енергетски предизвици, при што Бирол истакнал дека потребата за електрична енергија ќе расте два и пол пати побрзо од вкупната енергетска потрошувачка во следната деценија. Светот ќе се соочи со недостиг од околу 40.000 теравати нов инсталиран капацитет, количина што ја имаат заедно САД, Канада, ЕУ и Јапонија.

Мицкоски појасни дека дури и минимално учество на Западен Балкан – само 0,1% од овој глобален недостиг – би значело изградба на 4 теравати нов капацитет во регионот. „Цената на еден мегават е околу еден милион долари. Со тоа, 4 теравати значат инвестиција од 4 трилиони долари, односно 400 милијарди годишно во следните 10 години. За споредба, вкупниот БДП на сите шест балкански земји е 250 милијарди долари. Замислете што би можеле да постигнеме само со 0,1% од светските потреби“, рече Мицкоски.

Премиерот откри дека веќе водел разговори со колегите од регионот и најави дека ова прашање ќе го стави на дневен ред на следниот состанок на ЕУ – Западен Балкан во Подгорица. Иницијативата би можела да биде брендирана како SECI (Skopje Electricity Connectivity Initiative), предлог на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

„Секој тим од различна земја: Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина ќе предложи проекти кои ќе бидат дел од регионалниот пул за странски инвеститори. На овој начин покажуваме дека можеме да се обединиме за повисока цел, да создадеме конкретни резултати и да дадеме политичка порака дека Западен Балкан е способен за сериозни инвестиции и заедничка работа“, заклучи Мицкоски.

Related Posts

144 години од раѓањето на Арсени Јовков

144 години од раѓањето на Арсени Јовков

25.03.2026
Денот на Царинската управа се одбележува со организиран настан во Куманово

Денот на Царинската управа се одбележува со организиран настан во Куманово

25.03.2026

„Чистка“ во МВР: 1/3 од раководителите надвор од „игра“

25.03.2026

Снежна бура го зафаќа Балканот од 26 март – драстичен пад на температурите

25.03.2026
Денес го чествуваме Преподобен Кирил Пејчиновиќ

Денес го чествуваме Преподобен Кирил Пејчиновиќ

25.03.2026
Се затвора македонскиот сервис на Радио Слободна Европа на крајот од овој месец

Се затвора македонскиот сервис на Радио Слободна Европа на крајот од овој месец

25.03.2026

Препорачани Вести

Голема акција на царината на Меѓународниот аеродром Скопје

3 недели ago
bebe

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Нови спортски игралишта за подобри услови на учениците во ОУ „Даме Груев“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагична сообраќајка синоќа во Македонија – едно лице загина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 16-годишник уапсен во Австралија за планирање терористички дејства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 144 години од раѓањето на Арсени Јовков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Чистка“ во МВР: 1/3 од раководителите надвор од „игра“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.