Во Маџир Маало, службите на Општина Центар извршија голема акција за чистење на дивата депонија, отстранувајќи повеќе од 12 тони отпад и расчистувајќи површина од околу 150 квадратни метри. Собраниот отпад беше транспортиран на депонијата „Дрисла“, во рамки на редовните активности на општината за подобрување на јавната хигиена.
„Ниту еден дел од општината нема да биде занемарен. Континуирано работиме на чистење и интервенции за поблаго и поздрава животна средина. Но, ова е одговорност на сите нас“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски, апелирајќи до граѓаните да го чуваат животниот простор и да не фрлаат отпад на недозволени локации.
Општинските служби исто така ги охрабруваат жителите да пријавуваат нови диви депонии, со цел навремено отстранување и спречување на загадувањето на воздухот, почвата и водата, што директно влијае врз здравјето на локалното население.












