среда, март 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Судењето за „Пулс“: Општината реагирала, барала да не се дозволи дискотека

by Redakcija
25.03.2026
in Македонија

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека.

Тој појасни дека објектот се наоѓал во зона Г2, наменета за лесна и незагадувачка индустрија, каде што не е дозволена угостителска дејност од ваков тип, ниту пак може да се изврши пренамена.

Според сведочењето, Општината испратила дописи до Државниот пазарен инспекторат и лично на рака до државниот секретар во Министерството за економија, со барање да не се издаде лиценца.

Во меѓувреме, Општината првично издала позитивно известување за користење на јавен паркинг, но истото било поништено веднаш по сознанијата дека во објектот ќе се отвора дискотека, токму поради несоодветната намена на локацијата.

Илиевски истакна дека општината нема законска надлежност да издава лиценци, да ја контролира дејноста или да затвора објекти, но дека сепак презела чекори за да алармира кај надлежните институции.

Сведокот Дејан Рашков, пак, појасни дека надоместокот за лиценца се уплаќа на сметка која автоматски ги дели средствата, при што 50% завршуваат во буџетот на општината, но општината има увид само во вкупните износи, а не во поединечните уплати. Тој нагласи дека општинските инспектори се самостојни во своето постапување и немаат надлежност да ја контролираат дејноста во објектите или да ги затвораат, додека контролата врз нивното работење ја врши Државниот градежен инспекторат.

Судењето продолжува со изведување нови докази и сведочења.

…

Related Posts

Лиценцата и фирмаријата за „Пулс“ се подмирувале преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

25.03.2026

Хоџа: 200 милиони денари за инфраструктура во Арачиново

25.03.2026

Викендов почнува летното сметање на времето: стрелките се поместуваат за еден час нанапред

25.03.2026
Зијадин Села оснува нова политичка партија

Зијадин Села оснува нова политичка партија

25.03.2026
Стратешка соработка со Oracle: Развој на вештини во Cloud, AI, сајбер безбедност и управување со податоци

Стратешка соработка со Oracle: Развој на вештини во Cloud, AI, сајбер безбедност и управување со податоци

25.03.2026
144 години од раѓањето на Арсени Јовков

144 години од раѓањето на Арсени Јовков

25.03.2026

Препорачани Вести

Вјоса Османи тврди дека Трамп заслужува да добие Нобелова награда

Вјоса Османи тврди дека Трамп заслужува да добие Нобелова награда

2 месеци ago

Коњановски: Храбри одлуки за стабилни јавни претпријатија и развој на Битола

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Акциска на Мобилната единица на полицијата – Ова се деталите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран објави снимка: „Гаѓавме на носачот на авиони Абрахам Линколн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лиценцата и фирмаријата за „Пулс“ се подмирувале преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови правила на Иран: „Непријателски бродови“ не можат слободно да минуваат низ Ормускиот теснец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Храбра продавачка го спречи вооружениот разбојник во Мостар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.