петок, март 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Ќе ја зајакнеме борбата против пушењето на локално ниво

by Redakcija
27.03.2026
in Република

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска имаше поздравно обраќање на работилницата посветена на зајакнување на активностите за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење на локално ниво.

Настанот беше организиран од Министерство за здравство, во соработка со Светска здравствена организација и Центар за семејна медицина, во контекст на новиот Предлог-закон за заштита од пушење и програмите за јавно здравје.

Во своето обраќање, Коњановски нагласи дека целта на работилницата е да се поттикне дијалог и подобра координација меѓу локалните институции, како и да се подготви Акциски план на ниво на Општина Битола за 2026 година. Планот ќе биде насочен кон зајакнување на мерките за контрола на тутунот, со посебен фокус на унапредување на работата и видливоста на советувалиштата за одвикнување од пушење и подобро информирање на граѓаните за достапните услуги.

Тој ја истакна значајната улога на општината во поддршката на активностите за унапредување на здравјето на населението, потенцирајќи дека локалната самоуправа има клучна улога во спроведувањето на ваквите политики.

„Како градоначалник, но и како доктор епидемиолог, ја изразувам целосната подготвеност – и лична и институционална – за уште поголем акцент во кампањите против пушењето како сериозен јавноздравствен предизвик“, истакна Коњановски.

Тој додаде дека Општина Битола веќе има успешна соработка со канцеларијата на СЗО во земјава, ресорното министерство и Центар за јавно здравје Битола, каде што веќе неколку години функционира советувалиште за одвикнување од пушење.

…

Related Posts

Коњановски: Поддршката за менталното здравје на младите останува приоритет

27.03.2026

Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува – одлични услови за љубителите на зимските спортови

27.03.2026

Камери на секој чекор: Уште еденa Општина влегува во проектот „Безбеден град“

26.03.2026

Апел до граѓаните на Тетово: Пријавувајте дефекти преку „TE KLIK“

26.03.2026

Битола се модернизира: Советот расправа за нови инфраструктурни проекти

26.03.2026

Костадиноски: Во тек изградба на нова пешачка патека до Ратае

26.03.2026

Препорачани Вести

НОВ ЕКОНОМСКИ ШОК ОД ВОЈНАТА: Тежок ќе биде ударот за овие индустрии – последиците ќе бидат огромни поради недостаток од овој гас!

5 дена ago
Муцунски: Македонија е предвидлив партнер на ЕУ и очекува реципрочна предвидливост

Муцунски: Македонија е предвидлив партнер на ЕУ и очекува реципрочна предвидливост

2 недели ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Поддршката за менталното здравје на младите останува приоритет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Администрацијата добива покачување на платите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Савески: Работата на Јавното обвинителство ќе продолжи строго според законот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без целосен состав: ОЈО ГОКК доби четири од планираните пет обвинители

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Советот без одлука: Ниту еден кандидат не доби доволно гласови за шеф на скопското јавно обвинителство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.