четврток, април 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Македонија за првпат по 20 години организира стручни испити за капетани и бродски екипаж: Прв женски заповедник на брод во земјава

by Simovski
02.04.2026
in Македонија
Македонија за првпат по 20 години организира стручни испити за капетани и бродски екипаж: Прв женски заповедник на брод во земјава

По повеќе од две децении, Македонија направи значаен чекор кон професионализација на внатрешната пловидба. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска во Охрид објави дека за првпат ќе се овозможи полагање стручни испити за капетан на брод и бродски екипаж во земјата.

„Кога бев назначен за министер за транспорт, веднаш се соочивме со проблемот што испитите до сега се полагаа исклучиво во странство. Тоа создаваше дополнително оптоварување за професионалците и влијаеше на безбедноста на пловниот сообраќај. Денеска можеме да кажеме дека првиот домашен испит е успешно завршен – издадени се сертификати за еден заповедник на брод со овластување за меѓународен пловен пат, осум заповедници за државен пловен пат, еден водач на палуба, шест морнари, а особено ми е драго што за првпат имаме женски капетан на брод. Ова е јасна порака дека оваа професија е достапна за сите“, истакна Николоски.

Министерот посочи дека за потребите на Капетанијата е набавен нов пловен објект, а пристаништата во Св. Наум и Охрид се реконструирани и ослободени за подобро функционирање. Тој најави и нови инфраструктурни проекти, вклучително и заеднички проект со општина Охрид за целосно уредување на градскиот кеј.

„Десет години никој не се зафати со овој проект, а последната интервенција на кејот е од 90-те години. Сега, заедно со општината, проектираме нов лик на кејот, со пристаништето пред хотел Палас за помали пловни објекти и старото градско пристаниште за поголеми бродови. На последната средба во Париз со УНЕСКО, добивме целосна поддршка за проектот – сите стандарди ќе бидат исполнети, а кејот ќе добие модерен и функционален изглед“, додаде Николоски.

Капетан Илија Аранудоски од Капетанијата ја поздрави новата мерка и најави засилен инспекциски надзор, со апел до сопствениците на пловни објекти за навремена регистрација и стриктно придржување кон правилата за внатрешна пловидба.

Related Posts

Oбјавен Јавен оглас за прием на нови 300 професионални војници во Армијата

02.04.2026

ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска ја користи оставката за да создаде наратив на жртва

02.04.2026

Регистрирани над 26.000 прекршоци во март: Најмногу за брзо возење, помалку прекршоци за поминување на црвено светло

02.04.2026
Муцунски се сретна со советници на Макрон за евроинтегративниот процес на Македонија

Муцунски се сретна со советници на Макрон за евроинтегративниот процес на Македонија

02.04.2026
Мицкоски: Транзицијата остави трага во колективната меморија и ги поттикна младите на иселување

Мицкоски: Транзицијата остави трага во колективната меморија и ги поттикна младите на иселување

02.04.2026
Автопатот Кичево-Охрид во употреба од мај, се очекува да биде завршен до крајот на годината

Автопатот Кичево-Охрид во употреба од мај, се очекува да биде завршен до крајот на годината

02.04.2026

Препорачани Вести

„Господ нè сочува“ –  Семејствата од Тетово останаа без дом по уривањето на потпорниот ѕид

3 месеци ago

Лажни пораки за сообраќајни прекршоци – полицијата алармира

3 недели ago

Популарни Вести

  • ministerstvo za finansii

    МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Студентите пронашле нов начин за мамење на испити – и тешко е да се забележи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп јавно го понижи европскиот лидер: „Сѐ уште се опоравува од тој удар во вилицата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иранската војска се подготвува за копнен напад на САД: „Ниту еден не смее да преживее“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.