Со цел збогатување на фолклорот, негова поголема афирмација, афирмација на Општината преку промоција на традицијата и поголема вклученост на младите кои ќе ја негуваат традицијата и културата во нашиот град, Општина Битола и оваа година во Програмата за култура за 2026 година има предвидено и поддршка на програмски активности и настани на културно уметничките друштва.
Предмет на јавниот повик – кофинансирање на програмски активности и настани, презентирање, афирмирање, зачувување и пренесување на материјалното и нематеријалното културно наследство.
Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е 1.450.000,00 денари.
Програмските активности и настани треба да се реализираат заклучно со 31.12.2026 год.
Право на учество на јавниот повик имаат сите Културно Уметнички Друштва (здруженија на граѓани од областа на фолклорот) со седиште во Општина Битола, на кои што основни цели и задачи им се афирмирање, омасовување и развој на традицијата, формирање на секции и групи за изучување, негување, развивање, унапредување и презентирање на фолклорните добра.
Повикот трае од 02.04.2026 до 17.04.2026 до 15.30 часот.
Повеќе на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/kud/
…












