На 1 април 2026 година, 60-годишен жител на Велес пријавил измама во СВР Велес. Според пријавата, лицето што го измамило се претставило како полициски инспектор од Скопје и побарало од пријавениот да преземе пакет со брендирана облека од друго лице, кое било претставено како колега инспектор од Неготино, и за пакетот да даде 200 евра, со ветување дека парите ќе му бидат вратени.
На договореното место, наместо со лицето од Неготино, пријавениот се сретнал со лицето од Скопје, кое го довело во заблуда, му го предало пакетот и го одзело договорениот износ. Исто така, според пријавата, истото лице во два наврати го измамило и неговиот син, а потоа ја прекинало комуникацијата со нив.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
…












