Во Битола ќе се одджи првиот Bitola Whiskey Fest, на 4 април во Офицерски дом, со почеток од 18:00 часот. По успешното прифаќање од публиката во Скопје, фестивалот сега се пренесува и во јужниот дел на земјата, нудејќи уникатно искуство за љубителите на виски.
На фестивалот ќе бидат претставени премиум светски виски брендови, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустации и богата програма за незаборавна вечер.
Организатор на настанот е тимот на Bottega Eventi, кој е познат по Скопскиот Whiskey Fest, како и по други тематски настани како Gin Lane Festival, насочени кон промоција на културата на пијалоците.
Билетите се веќе во продажба и може да се купат online преку bepay.mk.











