Софија реагира на ставовите на Милатовиќ за Македонија: БГНЕС со обвинувања за „антибугарска реторика“
Агенцијата БГНЕС остро реагираше на изјавите на Јаков Милатовиќ дадени при неговата неодамнешна посета на Македонија, оценувајќи дека тој се приклучил на, како што наведуваат, „пропагандата на Скопје против Бугарија“.
Во текстот на бугарската агенција се наведува дека црногорскиот претседател ги „повторил манипулациите и лагите“ поврзани со европскиот пат на земјата, притоа критикувајќи ги неговите оценки за процесот на интеграција.
Како клучен аргумент, БГНЕС ја издвојува изјавата на Милатовиќ во која тој истакнува дека на Македонија ѝ е нанесена неправда во евроинтеграциите и дека билатералните спорови со соседите често претставувале главна пречка. Тој нагласи дека во Црна Гора Македонците се доживуваат како блиски и пријателски народ, додавајќи дека чувството за неправда е широко присутно кај граѓаните.
Дополнително, бугарската агенција ги посочува и позитивните оценки што Милатовиќ ги упати за претседателката Гордана Силјановска-Давкова и за владата предводена од Христијан Мицкоски, што според нив дополнително ја потврдува неговата позиција.
Во своето обраќање, Милатовиќ порача дека земјата се соочува со избор меѓу, како што рече, „да биде во право“ и да стане членка на Европска Унија, нагласувајќи дека одлуката останува на македонските институции и граѓани.
Реакциите од Софија доаѓаат кратко откако слични критики беа упатени и кон Зоран Милановиќ, кој во повеќе наврати јавно ја поддржа Македонија во контекст на нејзиниот евроинтегративен процес.
Агенцијата БГНЕС остро реагираше на изјавите на Јаков Милатовиќ дадени при неговата неодамнешна посета на Северна Македонија, оценувајќи дека тој се приклучил на, како што наведуваат, „пропагандата на Скопје против Бугарија“.