Жителите на неколку скопски населби денеска ќе имаат привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија поради најавени технички интервенции во дистрибутивната мрежа.
Во утринските часови, од 08:00 до 10:00, без струја ќе останат дел од домаќинствата на улицата „Борис Трајковски“ бр. 1, во реонот познат како Пегла.
Прекините ќе продолжат и во текот на денот. Од 08:30 па сè до 16:00 часот, електрична енергија нема да има во делови од селото Долно Соње, поточно на улиците 1, 10, 11 и 12.
Дополнително, од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат и делови од улиците „Рилски Конгрес“ и „Партение Зографски“ во општина Центар.
Надлежните апелираат граѓаните навреме да ги прилагодат своите дневни обврски и да имаат разбирање за зафатите, кои се реализираат со цел подобрување на квалитетот и сигурноста на електроснабдувањето.












