петок, април 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Светлосно шоу на Ајфеловата кула го најави големото враќање на Селин Дион

by Simovski
03.04.2026
in Магазин
Светлосно шоу на Ајфеловата кула го најави големото враќање на Селин Дион

Светлосното шоу на Ајфеловата кула во Париз го претстави спектакуларното враќање на канадската икона Селин Дион на сцената, оставајќи ги обожавателите без здив. На 30 март, плоштадот Трокадеро се претвори во епицентар на музичка магија, каде илјадници фанови заедно ја пееле нејзината верзија на „Hymne à l’amour“ од Едит Пјаф, изведена претходно на отворањето на Олимписките игри во Париз 2024.

После двегодишната пауза поради реткото невролошко нарушување синдром на вкочанета личност, Дион закажа десет концерти во Париз, кои ќе се одржат во септември и октомври. Веста за нејзиното враќање предизвика вистинска експлозија од интерес, а продажбата на билети се претвори во спектакл сам по себе. Според француските медиуми, ова е „историски момент“, системот за продажба беше изложен на огромен притисок, со 9 милиони регистрирани обожаватели кои се обидоа да обезбедат карти. Во првиот час по објавувањето на видеото, 500.000 луѓе веќе чекаа на официјалната страница, а до следниот ден тој број ја надмина границата од еден милион.

Организаторите се соочија и со над 10 милиони обиди преку „ботови“ кои се користат за препродажба на билети, па воведоа строги проверки за да го спречат црниот пазар. За сите десет концерти се во понуда 330.000 билети, бидејќи арената може да прими по 33.000 посетители вечер, а цените се движат од 89,5 до 298,5 евра. Сцената повторно ќе оживее со гласот на Дион, а Париз се подготвува за музички спектакл што ќе остане во сеќавањето на генерациите.

Related Posts

Одржливо губење на тежината: Мали здрави навики наместо брзи диети

Одржливо губење на тежината: Мали здрави навики наместо брзи диети

03.04.2026
Посни пржени лепчиња: Лесен рецепт за секој ден

Посни пржени лепчиња: Лесен рецепт за секој ден

03.04.2026

ХОРОСКОП ЗА 3 АПРИЛ: Раковите да не претеруваат, Јарците поставуваат граници – ден полн со предизвици!

03.04.2026

Плата до 35.000 денари – Се бара Brand Ambassador – во Тетово

02.04.2026

Оваа земја создаде „нафта од вода“ – вистинска револуција или медиумска сензација

02.04.2026

Одмор во Грција? Подгответе се за поскапи аранжмани

02.04.2026

Препорачани Вести

Снимките од надзорните камери откриваат последните моменти пред трагедијата во Петрохан (ВИДЕО)

Снимките од надзорните камери откриваат последните моменти пред трагедијата во Петрохан (ВИДЕО)

1 месец ago

Притвор за 43-годишник кој со нож се заканувал на мајка си

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Цените на храната глобално растат поради конфликтот на Блискиот Исток

    Цените на храната глобално растат поради конфликтот на Блискиот Исток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цените на билетите за финалето на Светското првенство достигнаа рекордни 10.990 долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Укинете ги санкциите против Русија“: Орбан алармира на енергетската и економската криза во Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Семос Едукација ги награди младите информатичари со ваучери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје под посебен сообраќаен режим во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.