Полициски службеници од Тетово вчера вечер привеле малолетник за поседување дрога. Инцидентот се случил околу 22:15 часот на улицата „155“ во населбата Дреновец, кога кај 17-годишник биле пронајдени пет паковки со зелена тревкаста материја.
Малолетникот веднаш бил однесен во полициска станица за понатамошна постапка, објави 4news.mk Оттаму соопштуваат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 215 од Кривичниот законик, кој се однесува на нелегално поседување на дрога.
Од полицијата нагласуваат дека случајот се води како дел од континуираната акција за откривање и сузбивање на продажбата и поседувањето на наркотични средства во регионот.












