На 06.04.2026 во 12:30 часот во СВР Тетово, 36-годишната М.А. од Тетово пријавила дека била физички нападната во угостителски објект во градот.
Според пријавата, како напаѓач е посочен Ф.Ф. (40) од селото Жеровјане.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.












