среда, април 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска потпиша клучен енергетски договор со САД во Вашингтон

by Redakcija
08.04.2026
in Економија

Во рамки на официјалната посета на висока владина делегација на Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска потпиша Меморандум за разбирање со САД за унапредување на безбедноста на снабдувањето со природен гас.

Потпишувањето се реализира во Вашингтон, како дел од стратешкиот дијалог со САД, клучна платформа за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Дијалогот ги опфаќа најважните области за развој – енергетика, економија, безбедност и технологија.

Божиновска меморандумот го потпиша со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау. Заеднички став е дека постои јасен потенцијал за интензивирање на соработката, со фокус на проекти кои ќе донесат конкретни резултати и ќе придонесат за економски развој и енергетска сигурност на двете земји.

Меморандумот ја потврдува заедничката заложба за: диверзификација на изворите и рутите за снабдување со природен гас, зголемување на отпорноста на енергетскиот систем, обезбедување стабилен, сигурен и достапен гас за државата, јакнење на регионалната поврзаност и интеграција на пазарите. 

Документот предвидува и конкретни чекори за развој на инфраструктурата, подобрување на транспарентноста на пазарите на гас, со што се отвора можност за користење на јавни и приватни финансиски инструменти, вклучително и поддршка од меѓународни финансиски институции и извозни кредитни агенции. Фокусот на разговорите е јасен – енергетска безбедност, економска соработка и конкретни проекти што носат стабилност, инвестиции и развој.

Со овој договор, Македонија ја зацврстува својата позиција во регионалните енергетски текови, со јасна ориентација кон поврзување со европските пазари, што директно придонесува за економска стабилност и долгорочен развој.

Во рамки на Стратешкиот дијалог, министерката Божиновска учествуваше на повеќе тематски сесии и реализираше билатерални средби со високи претставници на американската администрација.

Ден претходно Божиновска оствари билатерална средба во Белата куќа, со Jarrod Agen, Заменик-советник на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Националниот совет за енергетска доминација на САД. На средбата беа разменети ставови за унапредување на двостраната соработка во енергетскиот сектор, а искуството на Аген и неговото познавање на глобалните енергетски текови претставуваат важна основа за развој на идни партнерства и проекти.

Министерката Божиновска ја истакна подготвеноста за продлабочување на соработката и реализација на конкретни иницијативи, нагласувајќи дека партнерството со САД претставува значаен фактор за долгорочна стабилност и развој на енергетскиот сектор.

Овој чекор претставува силна потврда за стратешкото партнерството со САД и јасен сигнал дека државата се позиционира како кредибилен и активен чинител во регионалната енергетска архитектура.

…

Related Posts

Враќање на нормално снабдување со авионско гориво ќе потрае месеци по отворањето на Ормутскиот теснец

Враќање на нормално снабдување со авионско гориво ќе потрае месеци по отворањето на Ормутскиот теснец

08.04.2026
Примирјето меѓу САД и Иран ја турна цената на нафтата под 100 долари

Примирјето меѓу САД и Иран ја турна цената на нафтата под 100 долари

08.04.2026
Биткоин бележи пад веќе петти месец по ред

Биткоинот се искачи над 72.700 долари по потврда на привременото примирје со Иран

08.04.2026

Божиновска во Вашингтон: Средба со „Chevron“ за диверзификација на снабдувањето и влез на американски компании на македонскиот пазар

07.04.2026

Ретка руда за стратешка употреба: Американци ќе копаат антимон во Македонија

07.04.2026

Вкупен промет од 19,72 милиони денари, раст кај НЛБ, Стопанска банка и Македонски Телеком – ОМБ непроменет

07.04.2026

Препорачани Вести

Проданоски: Реконструкцијата на плоштадот ќе заврши квалитетно и навреме

1 месец ago

Извршителите лани наплатиле 137 милиони евра – најмногу од компании и граѓани

1 месец ago

Популарни Вести

  • Божиновска потпиша клучен енергетски договор со САД во Вашингтон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дигитална манипулација пред изборите во Бугарија: 90 милиони прегледи за Румен Радев на TikTok

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициска акција во Струмица – Има уапсени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вооружен напад кај гробиштата во Бутел: Три лица приведени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски оствари средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау во Вашингтон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.