среда, април 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Градежните активности кај здравствениот дом влегуваат во завршна фаза (ВИДЕО)

by Redakcija
08.04.2026
in Република, Топ Вести

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати извинување до жителите на улиците во близина на здравствениот дом, нагласувајќи дека тековните градежни активности влегуваат во завршна фаза.

Тој посочи дека наместо оправдувања, има обврска да ги информира граѓаните за реалните причини за состојбата на терен.

„Политички памфлети со проблемите на граѓаните не ни се потребни. Тоа е за други. Јас имам обврска да ги кажам фактите“, истакна Коњановски.

Според него, реконструкцијата на улиците во овој дел од градот започнала во април минатата година, при што се работело на водоводната и мешовитата канализациона мрежа, финансирани од Министерството за транспорт. Реконструкцијата на коловозот и уличното осветлување, пак, се реализираат со средства од општинскиот буџет.

Коњановски појасни дека работите подолг период биле закочени поради тоа што локацијата се наоѓа во заштитено подрачје, односно старото градско јадро, што бара дополнителни одобренија од надлежните институции.

Со цел да се олесни движењето, на улиците Козара и околните сообраќајници бил поставен тампонски материјал.

„Конечно добивме зелено светло и градежните активности продолжуваат. Во скоро време ќе следи и асфалтирање“, најави градоначалникот на Битола.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

..:

Related Posts

СЕЈФ СИТИ се поставува во уште еден град во Македонија

08.04.2026

Проданоски: Прилеп останува град на еднаквост и почит – заеднички го одбележуваме Меѓународниот ден на Ромите

08.04.2026

Бојкоски: Новиот деловник носи ред, ефикасност и достоинство во Советот на Општина Битола

08.04.2026

Тоневски: Нов проект за здравјето на најмладите во Пробиштип – Бесплатни ортопедски прегледи

08.04.2026

Комуналец Прилеп апелира: Покуќнината не смее да го попречува движењето

07.04.2026
Прекин на струја во Шуто Оризари

Повеќе делови од Тетово утре ќе бидат без струја 08.04.2026

07.04.2026

Препорачани Вести

ФК Тетекс слави 73 години историја и успеси

2 месеци ago
Земјата каде снегот ги гуши куќите: Најмоќните снежни наноси на светот

Земјата каде снегот ги гуши куќите: Најмоќните снежни наноси на светот

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Пукал со службен пиштол, куршуми завршиле кај сосед – кривични пријави за двајца полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удрија по подземјето: Запленети дрога, оружје и возила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: По прекинот на огнот, се слави победа во Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Советот ја констатираше оставката: Ленче Ристоска ја напушта обвинителската функција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Над 40 домаќинства во населбата Гази Баба добиваат сигурно водоснабдување, следува асфалтирање на улицата „Аврам Писевски“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.