четврток, април 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Учениците од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ со иновативен проект за рециклирање освоија прво место

by Redakcija
09.04.2026
in Република, Топ Вести

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во својот кабинет ги пречека учениците Теодора, Анастасија, Александра, Давид и Мартина од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, кои го освоија првото место на натпреварот по циркуларна економија, одржан на Економскиот факултет во Прилеп.

Учениците, под менторство на професорката Виолета Секулоска, се претставија со проектот „RERUBIX“ – иновативно решение за рециклирање на отпадни гуми и нивна пренамена во безбедни подлоги за детски игралишта, велосипедски полигони и заштитни елементи во сообраќајот.

Како што истакна Проданоски, станува збор за проект кој не само што придонесува за намалување на отпадот, туку и за унапредување на јавниот простор и создавање побезбедна средина за граѓаните, особено за најмладите.

Посебен сегмент од решението се паметните безбедносни бариери изработени од рециклирани гуми, кои се дизајнирани да апсорбираат удари и значително да го намалат ризикот од повреди кај децата и велосипедистите, што го прави проектот практичен и високо безбеден.

„Овој успех е резултат на знаење, тимска работа и визија. Прилеп има млади кои не само што учат, туку и создаваат решенија за реални предизвици“, нагласи градоначалникот.

Тој додаде дека локалната самоуправа ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи и да биде партнер на младите во реализација на нивните идеи.

Проданоски упати искрени честитки до учениците и нивната менторка, посочувајќи дека тие се вистинска инспирација и гордост за Прилеп.

….

Related Posts

Општина Прилеп ја презентира финалната фаза на Планот за одржлива урбана мобилност

09.04.2026

Тоневски: Учениците од СОУ „Н.Н. Борче“ се гордост на Пробиштип со успесите на државниот натпревар по географија

09.04.2026

Општина Прилеп го одбележа Меѓународниот ден на Ромите

08.04.2026

Делови од Тетово и повеќе тетовски села утре 09.04.2026 ќе бидат без струја

08.04.2026

Коњановски: Градежните активности кај здравствениот дом влегуваат во завршна фаза (ВИДЕО)

08.04.2026

СЕЈФ СИТИ се поставува во уште еден град во Македонија

08.04.2026

Препорачани Вести

САД го означија Суданското Муслиманско братство како терористичка организација

1 месец ago

Вкупен промет од 19,72 милиони денари, раст кај НЛБ, Стопанска банка и Македонски Телеком – ОМБ непроменет

2 дена ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Учениците од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ со иновативен проект за рециклирање освоија прво место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нетанјаху: Израел ќе продолжи со напади врз Хезболах додека не се врати безбедноста во регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МАКЕДОНСКИТЕ ТАНЧЕРИ СО ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ВО СОЛУН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мелони: За Италија и ЕУ е важно враќањето на слободниот транзит низ Ормускиот теснец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Binance: Клучните чекори за ориентирана крипто-регулација во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.