Во еден продажен објект на приватна компанија на подрачјето на Бит Пазар вчера е пронајдено безживотно тело на 65-годишниот скопјанец А.С., информираат од МВР.
Настанот бил пријавен во СВР Скопје, по што на лице место интервенирале полициски екипи од Полициската станица Бит Пазар. Во разговор со службените лица, 28-годишниот вработен Б.С. од Скопје навел дека починатиот претходно дошол во објектот како посетител.
Според неговата изјава, во еден момент тој се искачил службено на петтиот кат и го известил А.С. дека лифтот не е во функција. Набргу потоа, при симнување, слушнал активирање на алармниот систем на лифтот, откако било забележано дека вратите од лифтот на сите катови биле отворени.
На местото на настанот пристигнала екипа од Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел утврдување на точната причина за смртта.












