Во Скопје синоќа околу 22:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 18-годишната Е.Ј.
Според информациите, инцидентот се случил околу 21:00 часот во населбата Карпош, каде што, по претходно договорена средба, дошло до физички напад врз 20-годишната И.И. од Скопје. Најпрво нападот го извршила Е.Ј., по што таа повикала неколку свои пријателки, кои потоа се приклучиле и исто така ја нападнале девојката. Во текот на нападот, една од учесничките употребила и тврд предмет.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.












