На 10 април 2026 година околу 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир пред хотел на подрачјето на Аеродром.
Според информациите, по претходна расправија околу работните обврски, дошло до физичка пресметка помеѓу Ф.И. (28) и Б.М. (36), двајцата од Скопје и вработени во хотелот.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок против инволвираните лица.












