На 11 април 2026 година во 04:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар избувнал пожар во патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 58-годишен скопјанец.
Пожарот зафатил уште две возила – „бмв“ и „фолксваген голф“, исто така со скопски таблички. Благодарение на брзата интервенција на Бригадата за противпожарна заштита од Скопје, огнот бил локализиран и изгаснат.
Во инцидентот нема повредени лица, а надлежните служби извршиле увид за утврдување на причините за пожарот.
…












