сабота, ноември 14, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност

by Redakcija
14.11.2026
in Економија

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. 

“Изведбата на автопатот оди со одлична динамика и морам да кажам дека сите се ангажирани и изведувачите и надзорот. Навистина прават одлична работа и се повеќе и јавноста може тоа да го види, така што остануваме на она што го ветивме, а тоа е согласно роковите, до крајот на мај месец да имаме не само целосно пуштен автопат, туку и автопат со сите потребни документи, нешто што, за жал, не сме го гледале често во минатото”- истакна заменик претседателот Николоски.

Тој потврди дека завршени се и градежните работи на потегот од Извор до Врбјани заедно со тунелите кај Пресека. Најави дека во моментов се спроведува најновата европска директива за безбедност во сообраќај за тунели. 

“Од друга страна, оној најтежок дел, што оди од селото Извор -кичевско до селото Врбјани во Дебарца, очекувам во следните неколку недели да биде ставен во функција. Таму градежните работи се целосно завршени, што може да се види и со голо око. Пробиен е тунелот, двете тунелски цевки се пробиени, едната е во должина од 2.100 метри, втората е во должина од 1.990 метри и се работи за најдолги тунелски цевки во Македонија. Исто така четирите галерии што се на овој дел се завршени. Завршен е и целосно трупот на патот, мостовите, вијадуктите, така што од градежен аспект целокупната работа е завршена. Она што го правиме во моментов е спроведување на најновата европска директива за безбедност во сообраќај, особено во тунели, така што се прават сите потребни тестирања со цел да имаме највисоко ниво на безбедност во рамки на тунелот. И ова ќе е првпат оваа европска директива да биде применета не само во Македонија, туку во целиот регион и во таа насока во моментов се случуваат тестирањата” -изјави вицепремиерот Николоски.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

УНИ Банка: кредитите растат, но повисоките исправки и послабите нето-приходи ја намалија добивката за 35,5%

14.11.2026

По 5.000 денари дополнително за вработените: „Булмак 2016“ воведува нов месечен бонус во рудниците Злетово и Тораница

14.11.2026

Само една македонска компанија меѓу 100-те најголеми во Југоисточна Европа: Еве која е и колку заработува

13.11.2026

Електричната иднина зависи од бакарот – потребни се 332 милијарди долари за нови рудници

13.11.2026

Рударска инфраструктура во служба на науката — лабораторија на 1.100 метри под земја трага по темна материја

13.11.2026

Голем пад на цените на златото и среброто: Благородните метали под притисок на светските берзи

13.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Засилено се одвива изградбата на железничката пруга на делницата Бељаковце – Крива Паланка, која е дел од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија.

2 месеци ago
Техеран се заканува: САД да не се подготвуваат за напад – во спротивно следи удар врз Израел

Техеран се заканува: САД да не се подготвуваат за напад – во спротивно следи удар врз Израел

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мајка цела ноќ ја барала 12-годишната ќерка: Исчезнатото девојче било заклучено во автомобил во Сарај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Развод од 70 милијарди долари? По оставката на шефот на „Нвидиа“, светот шпекулира за неговото богатство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласно ’рчење и замор преку ден: Знаците што можат да откријат прекини во дишењето за време на сон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бугарија се повлекува од новата помош за Украина: Радев вели дека е време за дипломатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.