понеделник, ноември 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Николоски од Виена: Реализираме инфраструктурни проекти вредни до 6 милијарди евра

by Redakcija
16.11.2026
in Економија

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и реализацијата на крупните инфраструктурни проекти во Македонија.

Николоски нагласи дека економската соработка меѓу земјите од регионот е повеќе од потребна заради зголемување на конкурентноста и постигнување повисок степен на економски развој.

„Предизвикот за земјите од нашиот регион е како заеднички да настапуваме на европскиот пазар, како да се натпреваруваме со конкуренцијата и како да постигнеме повисоко ниво на развој“, истакна Николоски.

Во своето обраќање тој посебно внимание посвети на инфраструктурните инвестиции во Македонија, посочувајќи дека развојните проекти на коридорите 8 и 10 се во вредност меѓу 5 и 6 милијарди евра.

Според Николоски, активно се работи на изградбата на железничката инфраструктура на источниот дел од Коридорот 8, додека подготовките за почеток на изградбата на брзата железница на Коридорот 10 се во напредна фаза.

Паралелно со железничките проекти, се реализираат активности за доизградба и модернизација на патната инфраструктура на Коридорот 8, преку изградба на автопати и експресни патишта.

„Наша цел е Македонија да стане вистинска крстосница на Балканот, каде што ќе се спојуваат бизнисот и економијата и ќе придонесеме за зајакнување на безбедноста“, порача Николоски.

Тој оцени дека Виенскиот економски форум претставува значајна можност за промоција на македонските развојни политики, воспоставување нови деловни контакти и привлекување потенцијални странски инвеститори.

Николоски нагласи и дека на Македонија ѝ се потребни меѓународни пријатели и силни партнерства, додавајќи дека преку ваквите форуми се создаваат можности за нови форми на институционална соработка со европските партнери.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Регулаторната комисија одлучи: Ново намалување на цените на горивата од полноќ

16.11.2026

Критичните суровини стануваат европски приоритет, потребни се нови инвестиции и модерно рударство

16.11.2026

Банкарството јакне: За една година активата пораснала за над 1,4 милијарди евра

16.11.2026

Другите оперативни приходи го носат најголемиот дел од растот на приходите на Македонијатурист

16.11.2026

Колку вреди златното богатство на Македонија и колку тони чува Народната банка?

16.11.2026

Се раѓа нов економски тигар во Европа: 6.000 германски компании вложиле 50 милијарди евра во оваа земја

15.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Нетанјаху: Израел ќе продолжи со напади врз Хезболах додека не се врати безбедноста во регионот

Нетанјаху со остро предупредување до Ердоган: „Не ја сакам Турција на југот на Сирија“

3 месеци ago

Временска прогноза: Македонија денес под сонце и температури до 26°C

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски од Виена: Реализираме инфраструктурни проекти вредни до 6 милијарди евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Горат автомобили и локали во Белград: Се проверуваат сомнежи за организирано рекетирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повторно приведен осомничениот за нападот врз Сара во Охрид: Полицијата испитува нови околности

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Регулаторната комисија одлучи: Ново намалување на цените на горивата од полноќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британскиот премиер признава дека Брегзит не успеа: „Изгубивме повеќе отколку што добивме“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.