Connect with us

Uncategorized

Зошто се празнува Свети Валентин како ден за славење на љубовта?

Денот на вљубените („Свети Валентин“) — годишна прослава која се одржува на 14 февруари со славење на љубовта и приврзаноста помеѓу интимните партнери. Денот е именуван според еден ранохристијански маченик наречен Валентин и е одреден од папата Гелазиус I во 500 г.н.е. беше отстранет од Римскиот календар на светците во 1969 од папата Павле VI, но неговото религиско одржување се уште е дозволено. Традиционално е ден на кој вљубените ја изразуваат нивната љубов меѓусебно со подарување цвеќиња, нудење слатки производи и праќање картички (познати како “љубовни”). Денот прво се поврзувал со романтична љубов во кругот на Геофри Чосер во средниот век, кога традицијата бурно растела со искрена љубов.

Модерните симболи на Денот на вљубените вклучуваат заоблени срца, гулаби и фигура на криластиот Купидон. Од 19 век со рачно напишаните картички почнаа да се произведуваат голем број поздравни картички.

Бројните рани Хриситјански светци се именувани како Валентин.Валентин се чествува на 14 Февруари се Вљубеникот од Рим(Valentinus press m.Romae) и Вљубеникот од Терни (Valentinus ep.Intermanesis m. Romae).

Вљубеникот од Рим е свештеник во Рим кој бил маченик околу 269 г.п.н.е и е спален на патот Фламина.Неговите остатоци се во црквата свети Пракс во Рим и на улицата Уајтфрајар во црквата Кармелајт во Даблин,Ирска. Вљубеникот од Терни е епископ на Интерамна(модерно Терни)околу 197год.п.н.е и се вели дека е мачен за време на прогонот под императорот Аурелијан.Тој е исто така спален на патот Фламина,но на друго место од Вљубеникот од Рим.Неговите остатоци се во Базиликата на Свети Валентин од Терни(Basilica di San Valentino).

Католичката енциклопедија исто така зборува за третиот светец наречен Валентин кој се споменува во раните маченици на датата на 14 Февруари.Тој бил мачен во Африка со бројни другари,но не е познато ништо повеќе за него.

Не се содржани романтични елементи во оригиналните рани средновековни биографии на ниеден од овие маченици.Со тек на време Свети Валентин се поврзува со романтиката во 14 век,разликите помеѓу Вљубеникот од Рим и Вљубеникот од Терни се целосно изгубени.

Во 1969 ревизијата на Римскиот календар на светците,празникот Свети Валентин на 14 Февруари беше отстранет од основниот Римски календар и пренесан на посебени(локалени или дури национални)календари од следниве причини:,,Додека трае споменот на Свети Валентин е оставен на посебните календари,додека е одделен од неговото име,ништо не е познато за Свети Валентин освен тоа дека е спален на патот Фламина на 14 Февруари.” Празникот се уште се слави во Балзан(Малта) каде остатоците од светецот се потврдени дека се најдени исто така низ светот од Традиционалните Католици кои го пратат постариот,пред-Ватиканскиот II календар.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг