Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ѓорѓиевски потпиша договор со министерот Лимани за опремување на првата градинка во Потстаница 

by
2025/07/18 09:21:03
in Uncategorized

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски оствари средба со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и неговиот заменик Ѓоко Велковски. Целта на средбата беше потпишувањето на договорот за опремување на новата градинка во населбата Потстаница, чија изведба е во завршна фаза.

Ова ќе биде првата детска градинка во овој дел од општината, која ќе овозможи современи услови за воспитување и грижа за околу 80 деца.-Во Кисела Вода секое дете ќе има своето место во градинка.  Имавме важна средба со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, и неговиот заменик Ѓоко Велковски, на која потпишавме договор за опремување на новата градинка во Потстаница. Оваа соработка е од големо значење за брзо и квалитетно реализирање на овој проект. 

Кога започнав да ја водам општината, наследените листи на чекање за упис во градинка броеја околу 450 деца, а денес овој број е сведен на само триесетина. Со завршувањето на градинката во Потстаница и интензивните градежни активности кои се одвиваат на уште две нови градинки, во Расадник и во 11 Октомври Згради, но и со претходните наши активности преку кои се интервенираше со изградба или проширување на капацитетите во уште 7 други објекти, целосно ќе ги затвориме листите на чекање.

Градинката во Потстаница, која ја добивме како објект преку одлука на Владата и која моментално е во завршна фаза на темелната реконструкција, ќе биде модерен и безбеден простор од 222 квадратни метри, каде околу 80 деца ќе растат и ќе се развиваат во најдобри услови. Ова е од огромно значење за жителите од Потстаница, бидејќи овој дел од општината никогаш досега немаше детска градинка.

Сакам да изразам голема благодарност до министерот Лимани, до неговиот заменик Велковски и премиерот Христијан Мицкоски за брзиот и позитивен одговор во процесот на реализација на овој проект. Ова е доказ дека кога работиме заедно, можеме брзо и ефикасно да ги решаваме проблемите и да создадеме подобра иднина за нашите деца и семејства-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Next Post
Лишени од слобода двајца прилепчани, фатени при кражба од црква

Лишени од слобода двајца прилепчани, фатени при кражба од црква

Лишен од слобода 75-годишен возач од Охрид, управувал возило со 126 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Лишен од слобода 75-годишен возач од Охрид, управувал возило со 126 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Препорачани Вести

Битола се подготвува за „Трчај бе 2025“ – спорт и забава во еден настан

5 months ago

Во Кина се гради највисокиот мост во светот – инженерски подвиг на 625 метри над река

8 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.