Состојба со пожарите на отворен простор – 22 јули 2025 до 13:00 часот
Според податоците на Центарот за управување со кризи, до 13 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор. Од нив, 7 се активни, 4 се под контрола, а 4 се целосно изгаснати.
Активни пожари се бележат во општините Василево, Радовиш, Берово, Македонски Брод, Прилеп, Желино, Демир Капија и Липково. Засегнати се нискостеблести и мешани шуми, како и површини со ниска вегетација и грмушки.
Пожарите под контрола се наоѓаат во општините Македонски Брод, Ресен и Прилеп, додека целосно изгаснати се пожарите во околината на Дојран, Гостивар, Велес и Куманово.
Надлежните служби остануваат на терен и ги преземаат сите потребни мерки за спречување на натамошно ширење на пожарите.






![[ВИДЕО] Пожар во Кочани, горат две куќи](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/07/screenshot-2025-07-22-135719.png)



