Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Постол – родното место на Крсте Петков Мисирков

by
2025/07/23 20:00:19
in Uncategorized

Постол е гратче во централниот дел на Егејска Македонија, на местото на некогашниот град Пела – престолнина на Античка Македонија. Градот е административен центар на истоимената општина Постол и се наоѓа во Постолскиот округ. За време на византискиот и отоманскиот период, на словенските јазици градот бил познат под името Свети Апостол или Постол, а на отомански турски како Алах Килише Господова Црква. Името Пела заживеало повторно во 1936 година

Постол се наоѓа на 10 километри југоисточно од Пазар (Ениџе Вардар), 40 километри северозападно од Солун, на надморска височина од 60 метри. Тој е сместен во плодната рамнина на големата низина на Солунското Поле. Блиску до него минува главниот пат од Солун за Ениџе Вардар, а атарот зафаќа површина од 30 квадратни километри. Постол е доста богато село, бидејќи располага со многу плодно земјиште, при што главните производи се жито, памук, овошје и сточарски преработки. Под самото село крај главниот пат постојат извори од кои со вода се снабдувал античкиот град Пела, престолнината на Александар Македонски, која се наоѓала токму тука, за што сведочат ископините во чии рамки постои и музеј.
До 19 век, Постол зафаќал наоѓалиште блиску до горниот град, а долниот град се протегал до мочуриштата на Црна Река (денес Мавронери). Селото е исто така родно место на Крсте Мисирков. До 1924 година селото било населено исклучиво со македонско население и според К’нчов имало 520 жители, според Бранков 720, а според Милоевиќ се состоело од 80 македонски куќи. Бројната состојба на населението според пописите се движела: во 1913 година – 560 жители, во 1920 година – 737 жители.

Крсте Петков Мисирков

Во 1924 година во Бугарија принудно биле иселени 99 Македонци, на чие место биле населени бегалски семејства од Источна Тракија со вкупно 675 бегалци, со што така станало мешано село. Понатаму бројноста на населението се движела 1.437 жители во 1928 година, 1.673 во 1940 година, 1.852 жители во 1951 година, 2.146 во 1961 година, 2.111 во 1971 година, 2.272 во 1981 година и 2.374 жители во 1991 година. Соодносот на македонското население спрема бегалците е 50-50 отсто, а според статистиката на НОФ од 1947 година во селото живееле 750 Македонци, 750 бегалци и 50 Власи. Во текот на Втората светска војна и Граѓанската војна селото, особено Македонците, било подложено на терор, поради што неколку семејства и поединци побарале засолниште во Република Македонија.

Целиот текст на Нова Македонија

Next Post
Лажен доктор од Македонија мамел постари лица во Загреб и Сплит – успеал да украде речиси 280.000 евра

Доктор се соочува со казна 40 години затвор - Ова е причината

Се апсат високо рангирани мафијаши на Кавачкиот клан по потерници на Интерпол

Препорачани Вести

Подгответе се за огромни секојдневни промени: Детална прогноза, еве какво време ја очекува Македонија во следниов период

Подгответе се за огромни секојдневни промени: Детална прогноза, еве какво време ја очекува Македонија во следниов период

9 months ago

НАСА случајно открила заборавен нуклеарен град под ледот на Гренланд

2 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.