Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ужас во Италија: Адвокат и партнерка загинаа кога авион се урна и експлодираше на автопат

by
2025/07/24 12:02:32
in Uncategorized

Во италијанската област Бреша, на обиколницата кај местото Треццано сул Навиљо, се случи трагедија откако мал авион се сруши директно на автопат, при што загинаа две лица. Застрашувачкото видео од несреќата е објавено и покажува моментот на удар и експлозијата на леталото.

Авионот полетал околу пладне од Грањано Требиенсе, но кратко потоа, од засега непознати причини, паднал на автопатот и веднаш се запалил при ударот.

Во авионот се наоѓале двајца патници – познатиот милански адвокат Серхио Равалџи (75) и неговата 60-годишна партнерка Ана Марија Де Стефано. И покрај брзата интервенција на итните служби, немало начин да се спасат.

На видеото се гледа како авионот експлодира веднаш по ударот, а автомобил и комбе што во тој момент се движеле по патот, влегуваат во облак од оган и чад. За среќа, патниците од возилата се извлекле без смртни последици и не се здобиле со сериозни повреди.

На местото на несреќата веднаш пристигнале пожарникари, амбулантни екипи, карабинери и сообраќајна полиција. Пожарот бил изгаснат, а остатоците од леталото биле расчистувани со часови, по што сообраќајот бил повторно воспоставен.

Надлежните власти спроведуваат истрага за да ги утврдат точните причини за падот на авионот.

Next Post

Ѓорѓиевски со Азески: Кисела Вода станува симбол на економски раст, Скопје мора да добие нова економска енергија

Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Препорачани Вести

САД и ЕУ спремаат голем удар за Пурин

2 months ago
Приведен возач од Пробиштип, управувал возило со 185 км на час на место каде е дозволено 110 км на час

Приведен возач од Пробиштип, управувал возило со 185 км на час на место каде е дозволено 110 км на час

3 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.