Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мицкоски: „Пустец е доказ дека припадноста не се брише“

by
2025/07/27 21:01:02
in Uncategorized

Премиерот Христијан Мицкоски на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа во Општина Пустец, Албанија, порача дека Пустец е жив доказ дека припадноста не се брише и дека коренот останува дури и кога дуваат силни ветрови. Тој истакна дека постојат луѓе кои не чекаат благодарност, туку само можност да продолжат да ја негуваат својата култура и идентитет, дури и кога другите би се откажале.

„Ви благодарам што ја носите таа тишина исполнета со сила. Ви благодарам што останавте свои. И ви ветувам, оваа држава ќе знае да ви возврати со почит, со работа и со постојана поддршка“, порача Мицкоски пред жителите на Пустец и Мала Преспа.

Тој нагласи дека Македонците во Албанија се лојални граѓани на оваа држава, но истовремено со гордост го чуваат својот мајчин јазик, кој е посебен и различен од другите балкански јазици. „Ние не сме ниту Грци, ниту Бугари, ниту Срби, туку сме Македонци, во Албанија и насекаде во светот“, потенцираше премиерот.

Мицкоски додаде дека за македонската заедница во Пустец и Мала Преспа важи посебно чувство на припадност кое не се менува со менување на границите, политиките или времето. „Вие сте синоними за истрајност, за тивка лојалност, за достоинство и скромност. Останавте тоа што сте, и останавте лојални на државата во која живеете“, рече тој.

Премиерот посочи дека Владата има обврска да ја поддржува македонската заедница во Албанија преку образование, култура, економски развој и прекугранична соработка, и тоа не како милост, туку како исправна политика. Тој посака младите да пораснат со чувство на припадност и самодоверба, и увери дека оваа посета е само почеток на долгорочна соработка и поддршка.

„Ова не е граница – ова е врска. Ова не е далечина – ова е блискост. Ова не е фуснота во нечиј извештај – ова е глава во нашата национална приказна“, заврши Мицкоски.

Next Post

Скопје некогаш ја имаше најмодерната железничка станица – со над 1000 патници дневно

ПЕКОЛ НА ПЛАНИНИТЕ: Осум пожари беснеат низ земјава – најкритично кај Берово, Прилеп и Кичево

Препорачани Вести

Кривична за две лица кај кои што е пронајдено оружје и муниција

Кривична за две лица кај кои што е пронајдено оружје и муниција

4 months ago

Омерагиќ: Судиите мора да останат независни

11 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.