Водителката и блогерка Јелена Спенџарска си ја отвори душата на Инстаграм па напиша цел реферат по повод коментарите и пораките кои и стигнуваат од луѓе на нејзиниот профил на Инстаграм, полна со самодоверба ги искритикува оние кои и пишуваат лошо, прочитајте:
„Понекогаш,кога ќе добијам во инбокс некој коментар од некоја девојка/ жена ( 99% е секогаш од жена) – ‘
„Леле колку си грда,’ ми иде да се гушнам себе си и да си кажам- фала ти Боже што ме благослови толку и создаде од мене ова што сум денес“.
Фала ти што не сум толку несреќна, та да имам потреба да им го истурам својот гнев на другите жени, ги познавам лично или не- небитно!
Фала ти што не сум исфрустрирана и да ми боде во око секој кој има храброст да живее баш онака како што си сака … и одлично го прави тоа. Фала ти за разумот кој свесно го користам да знам дека секој има право да работи што сака, да биде со кој сака, да изгледа онака како што сака и не сум јас никоја и ништо да се мешам во нечиј избор, да ставам ред и измислувам правила затоа што ЈАС НАЈДОБРО ЗНАМ… НЕ ЗНАМ! И оставам секој сам за себе да одлучува зошто секој сам најдобро си знае како му е во сопствената кожа.
Едноставно таквите пораки ми се повик за помош! Ги замислувам истите тие девојки/жени кои пишуваат такви зборови, значи буквално ги замислувам, како пет минути пред да седнат на мобилен, се гледале во огледало и си рекле -‘ Леле колку ми е ужасен животот, колку мизерно се чувствувам оти нити сум таму кај што сакам да бидам, нити го правам тоа што ме исполнува, колку сум несреќна што се околу мене оди напред, а јас со години стојам во место заглавена во лоша врска/ брак или заглавена во милион проблеми или во нерасчистени односи со луѓето околу мене, дај ќе и пишам на оваа Јелена, ја гледам на инста, таму нешто глуми лудило,мува не ја лази, секој ден се нешто прави, многу се занесува дека е битна фаца, дај ќе и кажам дека е ружна, па може ќе ми биде подобро’. Ок.
Она кое го научив со време е дека секогаш можеш да ги обвинуваш другите и да глумиш жртва на системот ама и СЕКОГАШ можеш да преземеш одговорност за сопствениот живот и од него да направиш нешто чудесно. Исполнет и реализиран човек НИКОГАШ нема да пишува отровни зборови online и свесно да прави некој друг да се чувствува лошо! НИКОГАШ!
Фала ти Боже што создаде од мене ова што сум денес! – напиша Спенџарска.
На нашите простори пекарските производи, особено бурекот, имаат долга и богата традиција. Со месо, сирење, спанаќ или праз, комбиниран со јогурт или ајран, бурекот е омилен меѓу сите генерации. Но, прашањето кое се поставува е дали за десетина-петнаесет години ќе има кој да го прави.
Пекарскиот занает е тежок и бара посветеност, а интересот кај младите за оваа професија постојано опаѓа. Абдурахим Ештрефи од Скопје е дел од последните генерации македонски бурекџии. Веќе 45 години ги прави највкусните пити, буреци и ѓевреци. Тој го изучувал занаетот три години во стручно училиште, а потоа продолжил да работи во објектот каде што е активен уште од 1980 година. Денес, фамилијарниот бизнис го води со својот брат.
„Тежок е овој занает, но е профитабилен. Веќе 45 години станувам во три-четири наутро. Не е лесно“, вели Ештрефи.
Иако машините значително го олесниле процесот на производство, новите генерации сè поретко се заинтересирани за пекарството. „Ова е стар занает, но младите не сакаат да го учат. Имам синови, внуци, но никој од нив не е заинтересиран. Најдобрите бурекџии заминаа во странство. Сите мои колеги, пријатели – веќе не се тука. Денес има машини и фрижидери, но потребно е да се знае рецептот, да се учи и да се работи посветено“, објаснува тој.
Според податоците на Стопанската комора од 2023 година, просечната возраст на вработените во пекарската индустрија е 57 години. Иако постојат програми за обука, 82% од компаниите се соочуваат со потешкотии да обезбедат стручен кадар.
Дали иднината на бурекот е неизвесна? Ќе зависи од тоа дали ќе успееме да го зачуваме и пренесеме овој занает на новите генерации.
Откако ќе го постигнеме ова, луѓето ќе можат да комуницираат со повисоки облици на интелигенција. Ова е судбината на човештвото, пророкува Нострадамус во врска со големите откритија во квантната физика.
Нострадамус предвидел големи промени во 2025 година кои ќе доведат до „нов светски поредок“. Меѓу нив се спомнати и поплави кои ќе ги уништат крајбрежните градови и ќе остават милиони без покрив над главата, пишува Унилад.
Но, луѓето на социјалните мрежи коментираа дека пророштвото е само здрава логика бидјеќи минатата година ја одбележаа поплави.
Меѓу страшните пророштва за следната година Нострадамус наводно спомнал и тајни култови кои би ја користеле моќта на „мрачните ритуали“.
Унилад пишува и дека Нострадамус предвидел големи откритија во областа на квантната физика.
„Откако ќе го постигнеме ова, луѓето ќе можат да комуницираат со повисоки облици на интелигенција. Ова е судбината на човештвото“, пророкува Нострадамус.
Тој најави и дека во 2025 година ќе излезат на виделина долго чуваните тајни. Се чини дека теоретичарите на заговор се многу среќни поради ова.
Ова ќе го промени текот на историјата, тоа е почеток на нова ера, толкуваат различни поддржувачи на делата на Нострадамус, кои исто така тврдат дека во 2025 година повторно ќе почне да се цени некоја „древна мудрост“.
Се смета дека јасновидецот кој живеел во 16 век успешно ги предвидел доаѓањето на Адолф Хитлер на власт во Германија, атомските бомби во Хирошима и во Нагасаки и Големиот пожар во Лондон.
На денешен ден во 1993 година, авионот „Јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој летал на релацијата Женева – Скопје, се урна во близина на Охрид. Леталото било пренасочено кон охридскиот аеродром поради лошите временски услови, но се срушило на само 4 километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник пишува 4news.mk.
Во оваа трагедија животите ги загубија 116 патници и членови на екипажот. Единствениот преживеан патник подоцна им подлегна на повредите. Како причини за несреќата беа посочени лошото време и наводно недоволната комуникација помеѓу посадата на авионот и аеродромските служби.
Истата година, само неколку месеци порано, на 5 март, на скопскиот аеродром се случи уште една голема авионска трагедија. Патнички авион од типот ФОКЕР 100 на компанијата „Палер Македонија“, кој превезуваше 97 патници, се урна при полетување. Во оваа несреќа загинаа 86 лица. Како причина за падот на Фокерот беше утврдено дека крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што доведе до дефект и пад.
Овие две трагедии го потресоа македонското воздухопловство и јавност. Поради сериозноста на ситуацијата, тогашниот министер за урбанизам, градежништво, комуникации и екологија, Антони Пешев, си поднесе оставка. Овие настани остануваат длабоко врежани во колективната меморија како најцрните денови во историјата на македонското воздухопловство.
Погледнете ја реконструкцијата која за прв пат е направена за овој лет.