Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Зеленски: Путин се подготвува за нови офанзиви, а не за крај на војната

by Уредник
2025/08/11 21:30:45
in Uncategorized

Русија распоредува војници за нови офанзивни операции во Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, предупредувајќи дека нема знаци за подготвување на прекин на огнот или крај на конфликтот.

„Денеска добив извештај од разузнавачките служби и военото раководство за тоа на што смета Путин и за што навистина се подготвува. Тоа се воени подготовки, а не прекин на огнот или крај на војната,“ рече Зеленски во своето ноќно обраќање.

Тој додаде дека Русија преместува дел од своите единици, особено во Запорожката област, за нови напади на украинска територија. Според портпаролот на украинската армија за јужниот фронт, Владислав Волошин, се работи за насочени подготовки за засилени офанзиви.

Изјавата доаѓа по добиената дипломатска поддршка од Европа и НАТО, во период на стравувања дека претстојниот состанок меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин на Алјаска би можел да донесе обиди за наметнување услови за завршување на три и пол годишната војна.

Зеленски во понеделникот остварил телефонски разговори со индискиот премиер Нарендра Моди и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, повикувајќи на ограничување на извозот на руски енергенси за да се намали способноста на Москва да го финансира продолжувањето на војната.

„Потребно е лидерите со реално влијание врз Русија да делуваат. Санкциите мора да останат додека Украина не добие безбедносни гаранции,“ нагласи Зеленски.

Паралелно, Кремљ соопшти дека претседателот Путин разговарал со лидерите на Кина, Индија, Бразил и неколку поранешни советски републики за своите контакти со САД во врска со војната во Украина.

Next Post

Судар на кинески бродови при прогон на филипински патролен брод во Јужното Кинеско Море

Драматична борба со пожарите во Црна Гора – Србија испрати хеликоптер, од Хрватска се чека канадер

Препорачани Вести

ВИДЕО: Храбри соседи ги спасија децата од запалена зграда

4 weeks ago

Исчезнатата судијка од БиХ пронајдена мртва !!!

8 months ago

Популарни Вести

  • Граничниот премин Евзони повторно затворен поради протести на грчките земјоделци

    Граничниот премин Евзони повторно затворен поради протести на грчките земјоделци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Популарноста на AI-алатките се менува: Google Gemini ја намалува доминацијата на ChatGPT

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 10.000 турски државјани аплицирале за македонско државјанство во последните четири години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Студен бран на крајот од декември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Студено утро и сончев ден со силен ветер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.