Според информациите од Центарот за управување со кризи, до 12 часот на територијата на Република Македонија регистрирани се вкупно три пожари на отворен простор. Во моментов, активен е еден пожар, додека два се целосно изгаснати.
Активниот пожар е во општина Македонски Брод, на повеќенаменското подрачје Јасен, во мешана шума.
Пожарите кои се целосно изгаснати се: во општина Битола, во село Српци (ниска вегетација) и во општина Струмица, во село Банско (депонија).









![Сите гледаа во Зеленски на погребот на папата: Протколот вели едно, Зеленски прави друго [ФОТО]](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-26-110707.png)
