Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ТТК Банка и Македонски Телеком во раст – Алкалоид и Реплек со пад оваа недела

by
2025/08/23 08:04:59
in Uncategorized

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.


Скопје, 23 август 2025 година – Во неделата од 18 до 22 август 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 224 трансакции, со вкупен промет од 159.449.349 денари и 14.816 тргувани хартии од вредност. Индексот МБИ10 бележи умерена нестабилност, со неделен финиш на ниво од 10.394,89 поени, што претставува раст во однос на почетокот на неделата.

На официјалниот пазар беа реализирани 219 трансакции, со вкупен промет од 46.356.933 денари. Главниот фокус беше ставен на финансиските и фармацевтските акции, со значителен придонес од Комерцијална банка (KMB) и Алкалоид (ALK). Најголем дел од ликвидноста беше концентриран во неколку издадатели, додека останатиот дел од пазарот беше со ниска активност.

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – промет: 20.715.628 денари, 93 трансакции

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – промет: 14.290.290 денари, 52 трансакции

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – промет: 2.088.000 денари, 7 трансакции

Топ 3 добитници на неделата

● ТТК Банка АД Скопје (TTK) – раст од 2,44 % (од 1.640 на 1.680 денари)

● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) – раст од 1,14 % (од 440 на 445 денари)

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – раст од 0,34 % (од 28.301 на 28.398 денари

Топ 3 губитници на неделата

● Реплек АД Скопје (RPLK) – пад од 2,13 % (од 15.939 на 15.600 денари)

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – пад од 2,62 % (од 26.700 на 26.000 денари)

● Раде Кончар АД Скопје (RCON) – пад од 2,80 % (од 2.500 на 2.430 денари)

Обврзнички пазар

Во текот на неделата не беа реализирани трансакции со државни или корпоративни обврзници. Индексот ОМБ остана стабилен на ниво од 127,48 поени.

Јавни понуди и блок трансакции

● Реализирана беше јавна берзанска аукција на акции на ВВ Тиквеш (TIKV) со вкупен промет од 112.805.016 денари, на 10.646 акции.

● Дополителни две блок трансакции со ВВ Тиквеш беа реализирани во вредност од 52.550.000 денари.

Берзанската недела од 18 до 22 август 2025 беше обележана со висока ликвидност, доминација на Комерцијална банка, силно тргување со Алкалоид и значаен раст кај ТТК Банка. Иако некои акции бележеа негативни приноси, вкупниот пазарен тон беше позитивен, особено поради големите трансакции со ВВ Тиквеш.

Next Post

ВЛЕН: ДУИ ги создава неправдите, а потоа ги обвинува другите

(ФОТО) Олуен облак над Охридското езеро

(ФОТО) Олуен облак над Охридското езеро

Препорачани Вести

Специјалниот суд во Албанија ја тргна од функција Балуку и ѝ забрани излез од земјата

1 month ago

Стефковски: Благодарам на довербата, никогаш нема да ве изневерам

2 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.