Connect with us

Економија

Мерц: Германската социјална држава повеќе не е одржлива без реформи

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека актуелниот систем на социјална држава во Германија веќе не може да се финансира исклучиво од економското производство, повикувајќи на реформа на трошоците за социјална помош.

Говорејќи на конференција на неговата Христијанско-демократска унија (ЦДУ) во Долна Саксонија, Мерц ја исклучи можноста за зголемување на даноците за средните компании и порача дека Владата под негово водство нема да воведе дополнителни даночни оптоварувања.

„Државата на благосостојба што ја имаме денес повеќе не може да се финансира со она што го произведуваме во економијата“, рече тој во Оснабрик.

Изјавата отвори простор за нови тензии со коалициските партнери, Социјалдемократите (СПД). Вицеканцеларот Ларс Клингбејл порача дека не може да се исклучи зголемување на даноците за средните и високите приходи, но додаде дека реформите мора да вклучуваат креативни решенија, а не само кратења.

СПД останува резервирана околу намалувањето на социјалните бенефиции, при што младинската организација Јусос предупреди дека партијата нема да отстапи ако реформите се сведат на кратење на помошта.

Мерц, кој се соочува со пад на поддршката меѓу гласачите, се обидува да го зацврсти рејтингот на ЦДУ и да привлече дел од гласачите што се свртеле кон крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД).

„Не сум задоволен од она што го постигнавме досега. Мора да биде повеќе“, додаде тој.

Advertisement

Економија

Независен, кредибилен, клучен: Димитриеска Кочоска за улогата на ДЗР во управувањето со јавните финансии

На јубилејното одбележување на 26 години од постоењето на ДЗР, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска испрати јасна порака: ревизорите се клучниот механизам кој обезбедува рационално и законито трошење на секој денар од даночните обврзници.

Во ера на сериозни фискални предизвици и ограничени ресурси, тежината на одговорното управување со парите на граѓаните станува поголема од кога било. Според министерката, ДЗР веќе не се доживува само како „контролор“, туку како суштински партнер во градењето на силни институции.

„Ревизорските наоди се темелот врз кој ја градиме довербата на граѓаните во институциите. Тие не се само извештаи, туку патоказ за подобри јавни политики,“ истакна Димитриеска Кочоска.

Најзначајната новина која ја најави министерката е новиот закон за државна ревизија, кој веќе е во својата финална фаза. Ова законско решение ветува: целосна финансиска и оперативна автономија на ДЗР, строги механизми за проверка (повеќе нема да има „заборавени“ препораки – нивното спроведување ќе се следи под лупа) и директно усогласување со барањата на ЕУ и меѓународните ревизорски практики.

Министерството за финансии останува на линијата дека само со силна и капацитетна државна ревизија може да се остварат амбициозните реформски цели. Крајната цел е јасна – целосна транспарентност и систем во кој граѓаните точно ќе знаат како се менаџира нивниот влог во државата.

Continue Reading

Економија

Државна лотарија со реакција на наводите од ДЗР: Ревизијата ја побаравме сами, злоупотребите се од претходното раководство на СДСМ и ДУИ

Во врска со објавените медиумски написи во кои се тврди дека Државниот завод за ревизија утврдил значителни неправилности во финансиското работење на Државната лотарија на Македонија за 2024 година, од таму реагираа со соопштение во кое се вели:
„Објавените наводи се неосновани тенденциозни и нецелосни бидејќи во нив свесно или несвесно не е направена временска и управувачка разграниченост помеѓу периодот во кој Друштвото било управувано од претходното раководство од СДСМ и ДУИ и периодот во кој управувањето и одговорноста ги презема новото раководство. Таквиот пристап создава погрешна слика во јавноста која доведува до манипулативно поврзување на констатации од различни временски периоди и претставува сериозно отстапување од принципите на објективно точно и одговорно информирање.

Особено нагласуваме дека новото раководство веднаш по преземањето на функцијата проактивно и транспарентно се обрати до Државниот завод за ревизија со Барање бр. 02 – 6328/1 од 12.09. 2024 година со кое иницираше целосна ревизија на финансиските извештаи и на целокупното работење на Друштвото со цел утврдување на фактичката состојба идентификација на евентуални неправилности наследени од претходното раководство и воспоставување засилен систем на финансиска дисциплина отчетност и законитост.

Во тој контекст селективното пренесување на поединечни делови од ревизорскиот извештај без јасно наведување на временската рамка и одговорното раководство претставува недозволива медиумска интерпретација која директно го нарушува угледот на Друштвото и на актуелното раководство. Оттука бараме од медиумите кои објавиле вакви содржини веднаш да ги повлечат или коригираат неоснованите и нецелосно интерпретирани наводи и јасно да направат дистинкција помеѓу периодот на управување на
претходното раководство од СДСМ и ДУИ и периодот на новото раководство и да го усогласат својот текст со принципите на вистинито целосно и објективно информирање на јавноста.
Во спротивно Државна лотарија на Република Северна Македонија ќе биде приморана да ги искористи сите расположливи правни средства вклучително и покренување постапки за клевета и нарушување на углед согласно важечките закони.
Новото раководство на Државна лотарија останува цврсто определена кон транспарентно законито и одговорно работење како и кон целосна соработка со сите надлежни институции но истовремено ќе реагира решително против секој обид за дезинформирање на јавноста и политички или медиумски манипулации“, стои во соопштението на Државна лотарија што го пренесуваме во целост.

Continue Reading

Економија

МБИ10 со раст од 0,16%, без активности на обврзничкиот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На трговската сесија од 16 декември 2025 година, индексот МБИ10 забележа раст од 0,16%, достигнувајќи ниво од 10.164,89 поени, додека индексот ОМБ остана стабилен на 129,44 поени, без промени. Вкупниот промет на берзата изнесуваше 12,29 милиони денари, при што тргувањето беше концентрирано кај Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол, кои остануваат најликвидни хартии од вредност на официјалниот пазар.

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 2.899.550 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 1.436.830 денари

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 4.025.010 денари

Топ добитници

● Раде Кончар АД Скопје (RDK) +2,67%

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) +0,04%

● Алкалоид АД Скопје (ALK) +0,05%

Топ губитници

● ТТК Банка АД Скопје (TTK) –0,56%

● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) –0,43%

Обврзнички пазар

Во текот на денешната сесија не беа реализирани трансакции со државни или корпоративни обврзници, при што индексот ОМБ остана непроменет на 129,44 поени. Сите државни обврзници котираа со стабилни цени од 90 до 112 евра, без реализирана трговија.

На берзанската сесија од 16 декември 2025 година, активноста беше умерена, со вкупен промет од 12,29 милиони денари и раст на индексот МБИ10 за 0,16%. Најголем дел од тргувањето беше концентриран кај Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол, кои го поддржаа растот на индексот. Обврзничкиот пазар остана без активности, а трговијата се одвиваше во стабилна пазарна атмосфера со ограничени ценовни движења.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг