Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Тајни разговори меѓу САД и Русија – Ова се темите

by Уредник
26.08.2025
in Uncategorized

Американски и руски владини претставници тајно разговарале за можни енергетски договори на маргините на мировните преговори одржани претходно овој месец, јави агенцијата Reuters повикувајќи се на пет извори запознаени со темата.

Според информациите, договорите биле предложени од Вашингтон како поттик за Кремљ да се согласи на прекин на воените операции во Украина, а за возврат САД би можеле да разгледаат олеснување на дел од санкциите.

Една од идеите е американската компанија „Exxon Mobil“ повторно да се врати во проектот „Сахалин-1“, од кој се повлече во 2022 година. Дополнително, било дискутирано Русија да купи американска опрема за проектите за течен природен гас, вклучувајќи го „Арктик 2“, кој е под западни санкции. Меѓу опциите била и продажба на руски мразокршачи со нуклеарен погон на САД.

Разговорите се воделе за време на посетата на американскиот претставник Стив Виткоф во Москва, кога се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин и со челникот на рускиот инвестициски фонд Кирил Дмитриев. Прашањето било отворено и во Белата куќа, каде што претседателот Доналд Трамп бил информиран за можните договори.

„Овие теми накратко беа дискутирани и на самитот во Алјаска на 15 август,“ потврдил еден од соговорниците. Според него, Белата куќа сакала да објави инвестиционен договор како политичка победа за Трамп.

Иако ниту „Exxon Mobil“, ниту руските енергетски компании „Роснефт“ и „Новатек“ не сакаа да коментираат, експертите предупредуваат дека евентуалните договори би имале значително геополитичко влијание – особено поради обидите на ЕУ да го намали увозот на руски гас до 2027 година.

Во исто време, Трамп се закани со нови санкции и високи царини доколку мировните преговори не донесат резултати. Според аналитичарите, Вашингтон се обидува преку економски инструменти не само да изврши притисок врз Москва, туку и да ја оддалечи од соработката со Кина.

Next Post
Нова трагедија ја потресе Македонија: Во сообраќајна несреќа загина 22 годишен возач

Возило излета на патот Кичево-Гостивар - Тројца повредени

Германскиот канцелар Мерц распали по Путин: „Нема да се откажеме“

Мерц: Германија се соочува со структурна економска криза

Препорачани Вести

Градоначалникот Висар Ганиу во посета на новата џамија во Топанско Поле

12 months ago
Газда на градежна фирма од Гостивар продал ист стан на двајца сограѓани

Кривични пријави за директорка на болница

6 months ago

Популарни Вести

  • aleksandar nikoloski

    Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • TESS го документира патувањето на меѓуѕвездната комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијани зад воланот: Двајца возачи приведени по сообраќајни инциденти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.