Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Подгответе се за високи температури: Еве какво време ја очекува Македонија

by
2025/08/27 09:40:08
in Uncategorized
Подгответе се за високи температури: Еве какво време ја очекува Македонија

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од денес (среда 27 август) до петок (29 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и значително потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Што се однесува до температурите, тие во најголем дел од нашата Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели температурите локално ќе надминуваат и 35 степени. Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до околу или пак ќе надминува 35 степени, а времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Наутро пак останува релативно свежо времето со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 12 и 14 степени.

Да напоменам дека разликата помеѓу минималните утрински и максималните дневни температруи на воздухот во следните неколку денови ќе биде огромна (и за повеќе од 20 степени ќе биде разликата деновиве помеѓу истите). Токму поради ова, особено метеопатите ќе ја почувстуваат позначително оваа огромна разлика на температурите, тоа значи дека кај истите се можни поголеми здравствени проблеми.

Промена на времето проследна со развој на нестабилност, локален пороен дожд, грмежи, ветер и пад на температурите ќе имаме за време на викендот (сабота и недела 30/31 август) кога ќе има услови и за локална појава на невреме. Детална метео анализа околу оваа промена на времето следува во следните мои метео објави.

МетеоАларм – Славчо Попоски

Next Post
Украинските сили открија како Русија се обидува да добие предност во преговорите: “Руска тактика”

Украинските сили открија како Русија се обидува да добие предност во преговорите: "Руска тактика"

Венецуела одговара на САД: Воени бродови и беспилотни летала распоредени на Карибите

Венецуела одговара на САД: Воени бродови и беспилотни летала распоредени на Карибите

Препорачани Вести

Сања Божиновска: „Козјак“ е пример како чистата енергија и природната заштита одат заедно

6 months ago

МАКЕДОНИЈА СТАНУВА АКТИВЕН ФАКТОР НА РЕГИОНАЛНИОТ ЕНЕРГЕТСКИ ПАЗАР

1 month ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.