Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, објави дека земјата целосно ги прекинува сите трговски односи со Израел и го затвора својот воздушен простор за израелските авиони, како одговор на конфликтот во Појасот Газа.
– Целосно ја прекинавме трговијата со Израел. Ги затворивме пристаништата за израелските бродови и не дозволуваме турските бродови да пловат кон Израел. Контејнерските бродови со оружје и муниција не можат да користат наши пристаништа, а израелските авиони не можат да летаат во нашиот воздушен простор – изјави Фидан на парламентарна седница во Анкара.
Според министерот, мерките се дел од сеопфатен пакет дипломатски, правни и економски постапки поради конфликтот, кој Турција го оценува како „геноцид“.
Палестинското Министерство за здравство известува дека повеќе од 62.000 Палестинци загинале, а Турција претходно веќе воведе ограничувања на трговијата со Израел, која не се одвивала од мај 2024 година. Во 2023 година, трговијата меѓу двете земји изнесувала седум милијарди долари.
Анкара нагласува дека со овие мерки испраќа силна порака и се придржува до меѓународното право, а постапката се смета за најостра дипломатска реакција против Израел од страна на која било држава досега.










