Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

МВР воведува тестови за дрога преку плунка – резултат за 10 минути

by
2025/08/31 16:26:40
in Uncategorized

Министерството за внатрешни работи наскоро ќе ја засили контролата на учесниците во сообраќајот со нова генерација брзи тестови за дрога преку плунка. Станува збор за имунохроматографски тестови кои можат да ги користат овластени полициски службеници без медицинско предзнаење.

Тестовите се едноставни за употреба, примерокот се зема за помалку од една минута со орален брис, а резултатите се видливи за максимум 10 минути, без дополнителна електронска опрема. Новите тестови детектираат шест видови психоактивни супстанции: THC, кокаин, амфетамин и метамфетамин, опијати како морфин и хероин, екстази (MDMA) и бензодиазепини. Тестовите се CE сертифицирани и произведени според европски стандарди, со ISO 13485 за квалитет на медицински уреди.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека оваа мерка е дел од поширок план за зајакнување на безбедноста во сообраќајот, кој вклучува ревидирање на законските одредби, зајакнување на системот „Безбеден град“, дигитализација на евиденцијата за прекршоци и строги санкции за рецидивисти.

„Возењето под дејство на опојни дроги е исто толку опасно како и возењето под алкохол. Со воведувањето на овие тестови, МВР ќе има современи и сигурни средства за проверка на возачите, што значително ќе ја зголеми безбедноста на патиштата“, рече Тошковски.

Испораката на тестовите се очекува најдоцна 30 дена по потпишувањето на договорот, а документацијата ќе биде достапна и на македонски јазик. Обуката за полициските службеници за правилна примена и читање на резултатите ќе ја обезбеди добавувачот.

Извор: 4news.mk

Next Post

Зеленски ѝ се закани на Русија: „Силите и ресурсите се подготвени. Планирани се и нови длабоки удари“

Филмска потера од Хрватска преку Србија: Пробил рампи на границата и предизвикал хаос

Препорачани Вести

Учител физички нападнал ученик, заработи кривична пријава

Само 22 ученици се запишале во гимназијата „7 Март“ во Тетово

4 months ago
Македонците го обожаваат, а овој уред во кујната може да ви го скрати животот за повеќе од две години

Македонците го обожаваат, а овој уред во кујната може да ви го скрати животот за повеќе од две години

6 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.