Нови Сад, 5 септември 2025 – Специјалните единици на српската полиција вечерва интервенираа на улиците на Нови Сад поради нереди, при што се пријавени повредени и приведени граѓани. Инцидентите се случија додека претседателот Александар Вучиќ се обраќаше пред нацијата, а причините за немирите се уште се истражуваат.









