Connect with us

Црна Хроника

Падна еден од најголемите мафијаши на Балканот

Полицијата го уапси шефот на албанската мафија благодарение на тетоважа на десната подлактица, на која беше прикажана полугола жена. Токму овој детал ѝ овозможи на полицијата да го идентификува 52-годишниот Луша, кој седел на барска маса и се обидувал да се сокрие од законот.

Луша треба да отслужи десетгодишна затворска казна за водење на италијанско-албанска криминална организација специјализирана за проституција, главно од Албанија. Тој дури ја смени личната документација, вклучително и пасошот, за да избегне апсење, но долгорочната истрага и внимателното следење на детали доведоа до неговото фаќање по 19 години.

Advertisement

Црна Хроника

Опожарен автомобил на паркинг во Скопје

kola gori

С.Ф. (62) од Скопје пријавил в полиција ноќеска дека на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар било опожарено неговото патничко возило „тојота рав 4“ со скопски регистарски ознаки.

Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Разбиена кражба во тетовско – Полицијата со брза интервенција

На 10.12.2025 во 13:00 часот во село Жеровјане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода Б.Е.(30) од с.Жеровјане. Тој се сомничи дека во период од неколку денови извршил кражба во напуштена штала во с.Теново, сопственост на Л.И.(22) од с.Теново, при што одзел повеќе предмети. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Continue Reading

Црна Хроника

Полицијата не им дозволи да побегнат: Малолетник и возрасен маж приведени по инцидент со кеса

policija

Полициски службеници од ОВР Делчево, околу 17:40 часот вчера, приведоа две лица од Македонска Каменица, од нив еден 16-годишен малолетник.

Настанот се одвивал на местото викано „Горен водопад“ на реката Каменичка. При службените дејствија, полицијата ги затекнала малолетникот и 27-годишниот А.М., кога едниот во паника фрлил кеса и се обидел да побегне. Брзата реакција на службениците го спречила неговото бегство и тој веднаш бил приведен.

На местото на настанот, пронајдени и одземени се кеса полна со марихуана, како и докази кои упатуваат на трговија – дигитална вага и дробилка.

Но, истрагата не застанала тука. Подоцна, со судска наредба и во присуство на таткото, бил извршен претрес во домот на малолетникот, каде тој доброволно предал пакување со два цвета од растението канабис.

За целиот случај веднаш е известен Јавен обвинител. По комплетно документирање на сите детали, против приведените ќе биде поднесена соодветна пријава за стореното кривично дело.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг