Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мицкоски: Наталитетот е врвен национален приоритет и прашање за опстанокот на Македонија

by
2025/09/08 22:41:07
in Uncategorized

Наталитетот мора да стане врвен национален приоритет затоа што тоа е прашање за иднината и опстанокот на државата, порача премиерот Христијан Мицкоски на централната свеченост по повод 34 години од осамостојувањето на Македонија.

„Залудно е да зборуваме за патишта, плати и пензии, ако имаме сè помалку луѓе. Залудно градиме училишта ако клупите се празни и игралишта ако нема детски жагор“, нагласи премиерот, додавајќи дека намалувањето на бројот на деца е најголемата закана за државата.

Тој посочи на загрижувачките податоци од повеќе градови: во Битола за десет години бројот на првачиња се намалил од 960 на 651, во Тетово од 1076 на 940 за само три години, во Охрид од 560 на 440, а во Радовиш од 208 на 139. „Овие бројки не се само статистика, туку приказни за затворени училници, за празни игралишта и за населени места што полека исчезнуваат“, рече Мицкоски.

Владата, според него, останува посветена да создава политики кои ќе ги охрабрат младите да останат во земјата, да формираат семејства и да веруваат во својата иднина дома. „Секое ново дете што ќе се роди е инвестиција во иднината. Нашата мисија е Македонија да ја има и утре, и задутре, и во генерациите што доаѓаат“, подвлече премиерот.

Next Post

Шекеринска во Софија: Русија и тероризмот остануваат најдиректни закани за безбедноста

Лишени од слобода возачи од Битола и Скопје, управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни незгоди

Италијанец заврши во притвор - Ова е причината

Препорачани Вести

Ужас на тетовски булевар: Мотоциклист покоси жена – со тешки повреди пренесена во болница!

7 months ago

Кинеските „Тему“ и „Шеин“ ги зголемуваат цените поради царините на Трамп

8 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.