Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ПРЕТСТОЈ НА ОТВОРЕНО: Доаѓа ново невреме во Македонија!

by Уредник
10.09.2025
in Uncategorized
ИЗБЕГНУВАЈТЕ ПРЕТСТОЈ НА ОТВОРЕНО: Доаѓа ново невреме во Македонија!

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад која е поврзана со фронаталната долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европа, од утре (четврток 11 септември) до понеделник (15 септември) во нашата Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. И во делови од Скопскиот регион од утре (четврток 11 септември) до понеделник (15 септември) ќе биде нестабилно облачно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.

Поради ваквата ситуација и очекуваното ново невреме во нашата Македонија, апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност, односно во случај на појава на невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер во зоната на нестабилност граѓаните да ги заштитат своите автомобили, тоа значи да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 31 и 32 степени.

МетеоАларм – Славчо Попоски

Next Post
„Една друга Грција“ – вистината за колективната траума на Македонците

„Една друга Грција“ – вистината за колективната траума на Македонците

Европа конечно се разбуди од зимскиот сон: Фон дер Лајен најави строги санкции за Израел

Европа конечно се разбуди од зимскиот сон: Фон дер Лајен најави строги санкции за Израел

Препорачани Вести

Студената Месечина го осветлува ноќното небо: последна супермесечина за 2025 година

2 months ago
Русија лансираше хиперсонична крстосувачка ракета „Циркон“

Русија лансираше хиперсонична крстосувачка ракета „Циркон“

5 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.