Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Нови детали за изнудата од бизнисмен- агент во АНБ глумел финансиски разузнавач, амнестираниот за „крвавиот четврток“ мафтал со лажни документи

by Уредник
15.09.2025
in Uncategorized
Нови детали за изнудата од бизнисмен- агент во АНБ глумел финансиски разузнавач,  амнестираниот за „крвавиот четврток“ мафтал со лажни документи

Акцијата за апсење на двајца изнудувачи, меѓу кои еден е вработен во Агенцијата за национална безбедност се одвивала пред два дена. Уапсените барале 75 илјади евра за да спречат непостоечка истрага против сопственик на градежна компанија од Битола, објави Телма.

Уште од лани, Михаил Младеновски му пришол на бизнисменот тврдејќи дека како добро информиран знае за истрага против фирмата. Младеновски тврдел дека Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има покренато истражна постапка против битолчанецот.

Младеновски претходно имал релации со обвинителството за организиран криминал, но како обвинет од оваа основно обвинителство. Тој беше дел од групата на обвинети за крвавиот четврток, односно за упадот во Собранието на 27-ми април. Подоцна заедно со политичарите, организаторите на протестот и собраниските службеници беше амнестиран со законот за амнестија.

Како потврда за истрагата се појавил извесен Вилијам Секл кој иако бил вработен во агенцијата за национална безбедност глумел финансики разузнавач пред уценуваниот градежник. Исто така тврдел дека е истражител во обвинителството.

На уценуваниот му барале 75 илјади евра за да помогнат во спречување на истрагата која „постоела“ само на хартија. Документ за лажната истрага направил првоосмничениот.

Градежникот го пријавил случајот во полиција, па е отворена истрагата во скопско обвинителство. Уценуваниот бизнисмен барал трпение од изнудувачите и предложил да „плаќа“ на рати. Првата рата од одбележани 5.000 евра била предадена во угостителски објект во Карпош кога Младеновски е уапсен.

Целиот текст прочитајте го на Телма

Next Post
Трамп: Санкции за Русија само ако НАТО сопре со купување на руска нафта

Трамп: Санкции за Русија само ако НАТО сопре со купување на руска нафта

Уште еден земјотрес ги потресе Охрид и Струга

Земјотрес во Бугарија - ова се деталите

Препорачани Вести

МБИ10 со раст од 0,29%, обврзничкиот пазар без активности

3 months ago

Откриено ретко интервју од 1988: Трамп уште тогаш зборуваше за царини и трговска политика

10 months ago

Популарни Вести

  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничните премини и понатаму под блокада: Решението од ЕК се очекува денес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.