Економија
Народната банка ги олеснува кредитите за прв стан и куќа
Обраќање на гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески
На денешната седница, што заврши пред малку, Извршниот одбор на Народната банка усвои нова Одлука за макропрудентните мерки поврзани со макропрудентните инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица. Одлуката ќе се применува од 1 декември 2025 година.
За да биде појасно за јавноста, со оваа одлука се регулираат основните показатели со кои се оценувакредитоспособноста на физичките лица, кога тие бараат кредити од банките и од штедилниците. Овие стандарди се општо познати во банкарската практикаширум светот.
Ова во прв ред се однесува на поставувањето на горната граница на т.н. показател ДСТИ, којшто го мери учеството на вкупните месечни обврски на физичкото лице кон финансиските институции (банки, штедилници и други финансиски институции) и неговитеили нејзините вкупни месечни приходи, или во јавноста популарно познат како „рата-плата“.
Со Одлуката се утврдува и горната граница на уште еден, подеднакво важен показател како и претходниот, особено во сегментот на станбеното кредитирање ‒ тоа е т.н. показател ЛТВ. Со него се мери односот помеѓу кредитот на физичкото лице обезбеден со недвижност и вредноста на таа недвижност и преку ограничување на неговата висина, всушност индиректно се ограничуваминималното т.н. барано сопствено учество на физичкото лице кога купува стан/куќа со користење станбен кредит. Во 2023 година, Народната банка постави квантитативни ограничувања на овие показатели, како мерка за спречување на прекумернатазадолженост на населението, за задржување на стабилноста на билансите на банките и за одржување на финансиската стабилност.
Суштинска новост со последните измени на Одлукатае тоа што, по примерот на голем број централни банки, правиме раздвојување на дозволената максимална висина, како на показателот ЛТВ, така и на показателот ДСТИ, при одобрувањето и користењето кредит за купување прв стан, наспроти сите останати случаи на користење станбен кредит, вообичаено за купување стан за инвестиции или за шпекулативни цели.
Иако, навидум, мерката може да изгледа како да е од социјален карактер, таа е, пред сѐ, економска мерка, прифатена во банкарството како прудентна, што значи дека лицата, односно семејствата кои за првпат купуваат или градат објект за живеење со користење кредит претставуваат помал ризик за банките од аспект на отплаќањето на кредитот. При планирањето на сопствениот буџет, тие ѝ даваат предност на редовната отплата на долгот, за што банките им одобруваат кредити по поповолни услови. Со мерката ние се усогласуваме со практиката присутна во голем број земји во светот.
Наспроти ова, имајќи ги предвид условите на пазарот на недвижности кај нас, особено во главниот град, но и во неколку други градски центри низ земјата, што водат конзабрзан раст на цените на становите, поради што стануваат недостапни, пред сѐ, за помладите генерации, вршиме значително затегнување на условите за користење кредит за станбен објект којшто не претставува примарно живеалиште за кредитобарателите.
Така, за случаите на купување прв стан, максималниот дозволен лимит за показателот ЛТВ се утврди на нивото од 90%, што претставува олеснување во однос на досегашното решение, односноопштиот лимит на показателот ЛТВ од 85% за сите случаи. Ова значи дека банките ќе можат да одобруваат станбени кредити за купување или градба на објект за живеење и со учество од 10% од вредноста на објектот.
За користење на поволностите од ваквиот пристап, централните банки при определувањето на кредитните услови и владите во однос на даночните поволностипропишуваат строги правила за идентификација на кредитобарателите кои за првпат купуваат стан во кој ќе живеат. Секое изигрување на пропишаните критериуми ќе се третира како тешка измама и ќе подлежи на соодветни санкции.
За таа цел, во нашата Одлука за макропрудентните мерки, за да се исполнат условите за користење на ова олеснување, треба да станува збор за „прво купување/изградба на семејна куќа/стан којашто е наменета за сопствено живеење“, за што се пропишани следниве критериуми и механизми за проверка и следење:
− ниту физичкото лице, ниту неговиот брачен/вонбрачен другар не користат друг станбен кредит во земјата;
− физичкото лице ќе живее во семејната куќа/станот којашто се купува/гради со станбениот кредит;
− семејната куќа/станот којашто се купува/гради со кредитот е обезбедување за станбениот кредит;
− физичкото лице и брачниот/вонбрачниот другар (секој одделно и заедно) немаат во своја сопственост стан/куќа на територијата на Република С Македонија, што се докажува со потврда за имотната состојба од Агенцијата за катастар на недвижности на Република С Македонија, и
− ниту физичкото лице, ниту брачниот/вонбрачниот другар не поседуваат друга куќа/стан за којашто сѐ уште немаат обезбедено имотен лист.“
Притоа, кредитобарателот доставува изјава, дадена под полна морална, материјална и кривична одговорност и заверена на нотар, којашто содржи дека:
− станбениот кредит е наменет за купување куќа/стан во која ќе живее;
− ќе достави документ за лична идентификација со адресни податоци на куќата/станот којашто е купена со станбениот кредит во период не подолг од 90 дена и сметки за комуналии во период не подолг од 180 дена, по стекнувањето на правото на сопственост;
− ниту физичкото лице, ниту брачниот/вонбрачниот другар немаат предбележано право на сопственост на стан/куќа (не поседуваат куќа/стан врз основа на лист за предбележување); и
− се согласува банката да ги промени договорните услови доколку не постапи според дадената изјава, односно банката ќе побара исполнување на повисокото ниво на ЛТВ, како и во сите други случаи.
Накусо, за сите лица со нерешено станбено прашање, коишто навистина немаат стан/куќа на свое име каде што би живееле, а се очекува дека тоа ќе бидатпретежно млади лица и млади брачни парови, со новата одлука се дозволува, без да се наруши пристапот на прудентност, тие да добијат станбен кредит и со учество од 10% од вкупната вредност на објектот за живеење. Покрај ова, за корисниците на овие станбени кредити ќе останат во важност досегашнителимити на показателот ДСТИ, коишто изнесуваат 55% за изложеноста во денари и 50% за изложеноста со валутна компонента.
Споменав дека за овие кредити ќе важат досегашнителимити на ДСТИ, бидејќи во услови на кредитен раст, како и при брз раст на цените на недвижностите, со измените на Одлуката направивме и значително заострување на висината на показателите ДСТИ и ЛТВ. Новите пониски нивоа за овие показатели ќе важат за сите баратели и корисници на кредити коишто не користат станбен кредит за купување прв стан/куќа. Така, во овие случаи, показателот ДСТИ не смее да надмине:
−50%, доколку банката одобрува кредитна изложеност во денари;
−45%, доколку банката одобрува кредитна изложеност во странска валута или во денари со девизна клаузула.
Истовремено, показателот ЛТВ не смее да надмине 75%, што е во согласност и со прудентниот праг одБазелските стандарди, а којшто се бара приопределувањето на минималниот потребен капитал на банките за овие производи. Ова значи дека за разлика од кредитот за купување прв стан наменет за живеење, каде што минималното сопствено учество може да изнесува 10%, кај кредитите за купување стан којштоне е наменет за живеење на кредитобарателот,минималното сопствено учество се зголемува од постојните 15% на 25% од вредноста на станот.
Почитувани,
Промените во макропрудентните мерки имаат превентивен карактер и нивната цел е да нѐ заштитат сите нас од прекумерна задолженост, што може да се одрази понатаму на способноста за редовно отплаќање на обврските, како и на вкупната стабилност на финансискиот систем. Овие промени истовремено се реакција и на двоцифрените стапки на кредитен раст, вклучително и на станбените кредити, што во одредена мера го објаснува и брзиот и силен раст на цените на пазарот на недвижен имот.
Го нагласувам превентивниот аспект, со оглед на тоа што нашите согледувања покажуваат дека финансискатапозиција на секторот „домаќинства“ е стабилна и не упатува на позначителни ризици за финансиската стабилност од овој сектор.
Истовремено, со овие промени внимаваме да не „ги погодиме“ оние лица кои имаат потреба да го решат своето животно, станбено прашање, овозможувајќи им поповолни критериуми и полесен пристап до кредити, во однос на останатите корисници на кредити.
Очекувам дека нашите банки, во согласност со практиката присутна во голем број земји во светот, на кредитобарателите коишто за првпат купуваат стан како примарно живеалиште, ќе им понудат кредити по каматни стапки пониски за 0,5 до 0,75 процентни поени, што би придонесло за заштеди изразени во илјадници евра.
Економија
МБИ10 бележи раст од 0,04%, обврзничкиот индекс ОМБ посилен за 0,55%
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.
На трговската сесија од 11 декември 2025 година, индексот МБИ10 бележи раст од 0,04%, достигнувајќи ниво од 10.223,91 поени, додека индексот ОМБ се зголеми за 0,55%, на 129,44 поени. Вкупниот дневен промет изнесуваше 79,0 милиони денари, со зголемена активност и неколку поголеми блок-зделки. Најликвидни беа Комерцијална банка, Макпетрол и НЛБ Банка, кои придонесоа за најголем дел од вкупниот пазарен промет.
Најтргувани хартии од вредност
● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 58.425.000 денари (вклучува блок-зделка)
● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 5.750.350 денари (вклучува блок-зделка)
● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – 2.445.000 денари
● Стопанска банка АД Скопје (STB) +1,98%
● Реплек АД Скопје (RPK) +0,19%
● Алкалоид АД Скопје (ALK) +0,18%
● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) –0,30%
● Гранит АД Скопје (GRN) –0,71%
● РЖ Услуги АД Скопје (RZU) –10,00%
На обврзничкиот пазар беше реализирана една трансакција со државната обврзница „Р. Македонија – денационализација 23“, по цена од 93 евра, во вредност од 112.840 денари. Сите останати државни и корпоративни обврзници останаа без промена во цените.
Тргувањето на Македонската берза на 11 декември 2025 година беше умерено активно, со доминација на банкарскиот сектор и присуство на неколку големи зделки. Индексот МБИ10 бележи минимален раст, при што Комерцијална банка, Макпетрол и НЛБ Банка беа најтргувани хартии од вредност. Најголем пораст имаше кај Стопанска банка, додека Комерцијална банка забележа благ пад. Обврзничкиот пазар беше ограничен по обем, но индексот ОМБ порасна за 0,55%, означувајќи стабилен крај на трговската сесија.
Економија
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија
Европскиот реномиран бренд ЏАМБО (JUMBO) продолжува со успешна реализација на својата долгорочна стратегија за интензивен развој и пошироко позиционирање на македонскиот пазар. Оваа сабота, 13 декември 2025 година, компанијата пишува ново поглавје во својата деловна приказна со свеченото отворање на својот нов, најсовремен маркет во Гевгелија, сместен во рамките на новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“. Оваа значајна инвестиција доаѓа како природен и логичен след на исклучително успешните деловни приказни кои компанијата веќе ги изгради во Скопје, Тетово и Битола, и претставува директно исполнување на ветувањата дадени пред македонските потрошувачи за континуирано проширување на модерната продажна мрежа низ целата територија на државата.

Пристигнувањето на ЏАМБО во јужниот регион на земјава има многу пошироко значење од самото збогатување на трговската понуда во градот. Со овој стратешки потег, компанијата јасно ја потврдува својата цврста позиција на сериозен странски инвеститор кој верува во потенцијалот на домашниот пазар и активно вложува во неговиот напредок. Како докажана општествено одговорна компанија, ЏАМБО со оваа инвестиција директно ја стимулира локалната економија и влијае врз подобрување на животниот стандард.

Отворањето на новиот објект значи и отворање на нови работни места, со што компанијата создава нови професионални можности и стабилни кариери за жителите на Гевгелија, потврдувајќи ја својата грижа за заедницата во која делува. Дополнително, новиот ЏАМБО маркет е проектиран со визија да функционира како силен регионален магнет кој ќе привлекува купувачи не само од градот, туку и од пошироката околина и соседството, со што значително ќе се зголеми економскиот проток и ќе се зајакне статусот на Гевгелија како клучна трговска дестинација во регионот.
Новиот продажен простор, кој се простира на импресивна површина од 3.000 метри квадратни, е дизајниран и уреден според највисоките светски стандарди за да понуди врвно шопинг искуство и да прерасне во новата омилена дестинација за целото семејство. Посетителите ќе имаат ексклузивен пристап до богат асортиман од над 20.000 артикли, вклучувајќи играчки, декорации, производи за домот и сезонски изненадувања.
Концептот на маркетот доследно го следи препознатливиот корпоративен идентитет и популарниот слоган на брендот „За сѐ што ви треба и не сте знаеле дека ви треба“, нудејќи креативни решенија и радост за секој дом.
Како посебна новина и значајна додадена вредност за купувачите во Гевгелија, во рамките на овој маркет интегриран е и широко препознатлив асортиман од брендот ВЕРО, кој е внимателно селектиран да го задоволи сечиј вкус. Оваа стратешка синергија на двата силни бренда им овозможува на потрошувачите уникатна привилегија, да ги задоволат сите потреби за домаќинството и семејството на едно место, штедејќи драгоцено време и уживајќи во квалитетот на докажаните производи.
По повод ова големо отворање, Петар Денковски, генерален директор на ЏАМБО маркетите во Македонија, ја истакна важноста на овој момент за компанијата и заедницата. Тој нагласи дека пристигнувањето во Гевгелија е моментот кога долгорочните стратешки планови стануваат реалност и претставува важен чекор во стратегијата на компанијата да биде поблиску до своите потрошувачи. Според Денковски, успехот на компанијата не се мери само преку ширењето на квадратурата на маркетите, туку првенствено преку конкретниот придонес кон општеството и заедницата. Тој изрази гордост што преку оваа капитална инвестиција, компанијата директно влијае на развојот на локалната заедница преку отворање на нови работни места, инвестирање во човечкиот потенцијал и создавање на нов економски импулс кој ќе го раздвижи целиот регион. Денковски порача дека динамиката на развој на компанијата нема да запре тука и со задоволство најави дека успешната експанзија ќе продолжи и во текот на следната година со планираното отворање на нов, современ маркет во Струмица, со што ќе се заокружи присутноста на брендот во овој дел од државата.
Свеченото отворање на новиот ЏАМБО маркет е закажано точно на пладне, во 12:00 часот, на 13 декември 2025 година, паралелно со отворањето на „Gevgelija Mall“.
Компанијата ги поканува сите граѓани да бидат дел од овој настан, каде ги очекува целодневна семејна атмосфера исполнета со богата забавна програма. За најмладите се подготвени специјални изненадувања, дружење со маскоти, цртање на лице и игри со сапунени меури, со цел денот на отворањето да прерасне во вистински празник и незаборавно доживување за целиот град.
Економија
Трамп воведе „златна виза“: Американски престој за 1 милион долари
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска предизвика вистинска сензација објавувајќи го воведувањето на таканаречената „Златна картичка на Трамп“ – револуционерна програма за имиграција која ветува брз пат до американско државјанство за најбогатите странци.
„Златната картичка на владата на Соединетите американски држави на Трамп пристигна денес. Директен пат до државјанство за сите квалификувани и проверени лица. Нашите одлични американски компании конечно можат да го задржат својот непроценлив талент. Страницата ќе биде објавена за 30 минути! trumpcard.gov“, изјави американскиот претседател на неговата омилена платформа, Truth Social.
Официјалната веб-страница веднаш ги шокираше потенцијалните апликанти со високата цена: „Со надомест за обработка и, по верификација од страна на Министерството за внатрешна безбедност (DHS), исплата од 1 милион долари, ќе имате право да останете во САД за рекордно време преку програмата „Златна картичка на Трамп“.
Оваа виза е наменета за елитата која може да обезбеди „значајна корист“ за САД. Процесот на аплицирање е забрзан, но не е евтин: неповратна такса од 15.000 долари се плаќа на DHS, а милионската донација се бара дури по завршување на безбедносната проверка – како доказ за „значајна корист“.
Трамповата администрација нуди уште поексклузивна опција: Платинумската картичка на Трамп. Оваа програма е резервирана за ултра-богатите странци и нуди највисоко ниво на пристап – како што го нарекуваат американските власти.
„Аплицирајте сега и обезбедете го вашето место на листата на чекање за Трамп Платинум картичката,“ стои на веб-страницата. Со надомест за обработка и придонес од неверојатни 5 милиони долари, апликантот добива можност да престојува во САД до 270 дена годишно без да плаќа американски даноци за својот приход остварен надвор од САД.
Не се заборавени ниту компаниите. „Златната корпоративна картичка на Трамп“ е наменета за корпоративно спонзорирање на вработени. Почетната такса е 15.000 долари по вработен (неповратна).
Шокантни 2 милиони долари по вработен по безбедносната проверка, докажувајќи дека тие ќе „донесат значителна корист“.
Корпоративниот спонзор може да ја пренесе картичката на друг вработен доколку првичниот си замине, притоа плаќајќи само годишна такса за одржување од 1 процент и такса за пренос од 5 проценти (вклучувајќи нова безбедносна проверка).
Трамп уште во февруари најави дека оваа програма е замислена како „нешто како зелена карта, но на повисоко ниво на софистицираност“. Но најголемата контроверза ја предизвика изјавата во која сугерираше дека дури и некои руски олигарси – многу од нив под американски санкции – би можеле да се квалификуваат.
„Познавам некои руски олигарси кои се многу добри луѓе“, изјави тој, одговарајќи на новинарско прашање со едноставно: „Можно е“.
Овие „златни билети“ ја заменуваат контроверзната програма EB-5, која им даваше постојан престој на странските инвеститори. Американскиот министер за трговија, Хауард Лутник, претходно ја нарече EB-5 „евтин начин за добивање зелена карта“ и програма отворена за злоупотреба. Се чини дека Трамп има намера да ја подигне цената на американскиот сон.
Трендинг
-
Црна Хроника5 days agoОбид за кражба завршил со пожар во Брвеница – Полицијата со детали
-
Црна Хроника2 days agoПолицијата во Тетово со полни раце работа – Уапсени пет лица
-
Балкан4 days agoДрама во Србија: БМВ се заби во камион, возачот со цигара тврди: „Не знам, ме удри камион“ (ВИДЕО)
-
Црна Хроника6 days agoПолицијата го лоцираше украденото „Ауди“ за неколку часа – младиот тетовец уапсен!
-
Скопје7 days agoСекое застанување на булевар на „пет минути“ ќе се санкционира, вели Топаловски
-
Црна Хроника6 hours agoПретрес во тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени две лица
-
Економија4 days agoКинескиот канал Солун–Дунав повторно актуелен: Македонија би била клучна транзитна точка
-
Црна Хроника4 days agoТројца приведени по физички напад во Тетовско















