Connect with us

Магазин

Бојан Јовановски: Бев будала што верував во Шарената револуција

Бојан Јовановски ја отвори душата за „ТВ Пинк“ и и по толку време ги раскажа деталите што му претходеа на неговото апсење. Тој сега признава дека би будала што верувал во Шарената револуција.

„Бев уапсен на 15 јули 2019 година, потоа отидов на одмор со моите пријатели, на сето тоа му претходеше мојата желба да имам свој медиум и телевизија, отворив телевизија, а по моето апсење сè отиде по ѓаволите. Почнав да се занимавам со телевизија за да ги покривам сите општествени теми, а како некој што се занимаваше со невладини организации, бев политички активен“, вели Боки 13.

Тој признава дека „бил будала“.

Целот текст на Лидер.мк

Advertisement

Магазин

Денеска се чествува Преподобен Алипј Столпник

Православните верници денеска го одбележуваат празникот посветен на Преподобен Алипј Столпник, еден од најпознатите столпници и подвижници на Црквата, кој цели 53 години поминал во пост и молитва на врвот од столб.

Алипј е роден во пафлагонискиот град Адријанопол. Од детството бил предаден на црковна служба, а како ѓакон служел во храмот на епископот Теодор. Желбата за осамување и длабока молитва го однела надвор од градот, на запуштени елински гробишта што биле избегнувани поради демонски привиденија.

Според преданието, тука поставил крст, изградил храм во чест на света Ефимија – која му се јавила во сон – и подигнал столб на кој се искачил, останувајќи таму до крајот на својот живот. Ниту потсмевот на луѓето, ниту демонските искушенија, кои долго време го напаѓале со привиденија и камења, не го поколебале во неговата намера.

Со силата на молитвата, крстот и името Христово, ги победил демонските искушенија, а со текот на времето луѓето почнале да го почитуваат, барајќи од него молитви, утеха и исцеление. Околу неговиот столб подоцна биле изградени два манастири – машки и женски, во кои се замонашиле и неговата мајка и сестра.

Свети Алипј бил познат по големиот подвижнички подвиг, а според сведоштвата, често бил озаруван со небесна светлина. Починал на повеќе од стогодишна возраст, во 640 година, за време на царот Ираклиј. Дел од неговите мошти, меѓу кои и неговата света глава, денес се чуваат во манастирот Кутлумуш на Света Гора.

Continue Reading

Магазин

Спасен Сиљаноски во празнична атмосфера: Кафе момент со сопругата Ана

Спасен Сиљаноски, преку својата официјална Facebook-страница, објави фотографија која брзо го привлече вниманието на јавноста, пренесувајќи топла и семејна атмосфера во пресрет на празниците. Во објавата, тој позира заедно со сопругата Ана Силјаноска, во празнично украсен дом, со порака: „Време за кафе со Анушка“.

На фотографијата се забележува новогодишна елка, топла каминска атмосфера и празнично декориран простор, што дополнително придонесе објавата да биде прифатена со многу симпатии. Во само 47 минути, постот собра речиси илјада реакции и десетици коментари од следбеници кои им испраќаат честитки, убави желби и поддршка.

Објавата на Сиљаноски ја доловува семејната топлина и празничниот дух, испраќајќи едноставна, но силна порака за уживање во малите моменти со најблиските.

Continue Reading

Магазин

Американскиот филмски институт ги објави 10-те најдобри филмови за 2025 година

Американскиот Филмски Институт (AFI) ја објави својата листа со 10-те најзначајни филмови за 2025 година, меѓу кои се наоѓаат наслови што доминираат на светската филмска сцена оваа година.

Филмови што се издвојуваат

Меѓу избраните филмови се:

Avatar: Fire and Ash

Bugonia

Frankenstein

Hamnet

Jay Kelly

Marty Supreme

One Battle After Another

Sinners

Train Dreams

Wicked: For Good


Дополнително, AFI додели и специјално признание на филмот It Was Just An Accident, кој, иако не е во официјалната десетка, доби посебна награда за извонреден придонес.

Секоја година AFI ги избира филмовите што се сметаат за културно и уметнички значајни – оние што покажале најголема креативност, оригиналност и влијание во светот на киното. Ова признание често се смета за индикација за филмови кои ќе имаат речиси сигурна шанса за награди од меѓународна класа.

Со оваа листа, 2025 година уште еднаш се покажа како богата и разнолика на силни филмски дела – од големи холивудски продукции, преку иновативни драми, до независни и авангардни филмски изрази.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг