Connect with us

Uncategorized

Ова се најважните антистрес совети

Published

on

Популарниот зен-блогер Лео Бабаутра дава три најважни антистрес совети:

1.Посветете се на само на една работа

Работете едно по едно и посветете се на задачата на која работите. И предајте се целосно додека не ја завршите. И така списокот на она што мора да се направи никогаш не престанува.

2.Ослободете се од идеализирање

Стресот не го прават надворешните фактори, работата или проблемите во семејството, тие се само дел од нашиот живот. Стравот го произведува стресот. Страв од неуспех, страв дека нема да бидеме сакани, дека не сме доволно добри, страв дека некој ќе не остави… Коренот на стравот лежи во идеалот кој сами го креираме и потоа се плашиме дека нема да може да го достигнеме. Во главата ја гледаме само сликата за успешен и совршен себе, опкружен со слични луѓе, кој постојано ужива.

Кога ќе сфатиме дека тоа е невозможно, тогаш сме повредени. Останува само стресот кој се родил додека сме се грижеле дали сме го достигнале идеалот на успехот. Наместо да си нанесуваме болка, да ја прифатиме неизведноста и да веруваме дека ќе биде добро. Помалку ќе се плашиме, а стресот ќе се намали.

3. Прифатете ги другите со насмевка

Обично се вознемируваме кога другите не се однесуваат така како што мислиме дека треба. Наместо да се вознемируваме, треба да се обидеме да ги прифатиме другите. Ако ги прифатиме, во нив ќе препознаеме дел од себе – несовршени, во потрага по среќата, во борба со среќата…

Затоа прифатете ги од срце, уживајте во времето поминато со нив и ќе бидете посреќни, а помалку под стрес.

Uncategorized

Пожар во Македонски пошти во Тетово – брза реакција спречи поголема штета!

Published

on

pozar

На 14.02.2025 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска” во една од просториите на „Македонски пошти” настанал пожар. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид извршила екипа при СВР Тетово.

Continue Reading

Uncategorized

Наоружан грабеж во менувачница во Тетово – крадецот во бегство!

Published

on

policija

На 14.02.2025 во 18.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека едно лице со закана со оружје од вработен во менувачница во Тетово одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Uncategorized

Февруари е среќен месец за два хороскопски знаци: Ги очекува нова работа или унапредување, што ќе им донесе голем прилив на пари

Published

on

Овен
Овните можат финансиски да напредуваат благодарение на фактот што се под многу слабо влијание на Меркур и Венера. Ова значи дека додека повеќето луѓе на планетата ќе имаат проблеми со парите и мотивацијата, Овенот ќе може да има корист од тоа.

Се разбира, ќе треба малку труд, но ќе вреди. Исто така, астролозите силно ги советуваат претставниците на овој хороскопски знак да не прибегнуваат кон измами и итрини. Треба само да можете да ги притиснете вистинските точки.

Додека сите се претпазливи или можеби преземаат ризици, Овенот ќе знае како разумно да ја процени ситуацијата и правилно да ги искористи своите најголеми сили и таленти.

Јарец
Друга личност која може да има многу среќа во финансиската сфера е Јарецот. Тој, како и Овенот, ќе има можност да остане на површина токму во моментот кога повеќето луѓе ќе паднат во „локва“.

Претставниците на овој знак не треба да се плашат од промени, бидејќи тие повремено се случуваат во време кога се витално потребни. Во февруари ќе има многу вакви ситуации.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк