Connect with us

Забава

Мариово и Трескавец во петте финалисти за наградата за најдобра филмска локација

Published

on

Агенцијата за филм од денеска ќе биде присутна во рамки на виртуелното издание на Европскиот филмски маркет, кој се одржува во период од 1 до 5 март. Оваа година поради пандемијата, значајниот европски филмски маркет на кој присуствуваат голем број европски и светски филмски имиња се одвива во виртуелен формат.

Оваа година Агенцијата за филм закупи дигитален простор наменет за промоција на македонската кинематографија. На својот промотивен профил вклучени се информации за институцијата, но и она што може да го очекуваме во периодот што следи а се однесува на најновите остварувања кои во моментов се во завршна фаза на реализација.

Ова претставува одлична можност за поголема видливост на македонскиот филм и можност за остварување контакти и потенцијални соработки важни за развој на дејноста.

Меѓу другото, како дел од активностите во кои Агенцијата за филм зема учество, а се одржуваат во соработка со филмскиот маркет е и претставувањето на нашата млада ѕвезда Сара Климоска, која е дел од иницијативата Shooting Stars во организација на European Film Promotion. Активностите за промоција на 10-те млади европски таленти опфатија бројни интервјуа со медиуми, како и можности младите таленти да бидат претставени пред кастинг-директори и филмски професионалци. Како еден од поддржувачите на Shooting Stars 2021 e и Агенцијата за филм која воедно го номинира македонскиот кандидат за оваа награда за која земјите членки на EFP (37 на број) имаат можност да предложат по еден кандидат, а само 10 ѕвезди ја имаат привилегијата да бидат добитници на истата.

Европската мрежа на филмски комисии (EUFCN) кој е партнер на Европскиот филмски маркет, по четврти пат доделуванаграда за најдобра филмска локација (“Location award”), за локации кои се појавуваат во филмови од изминатата година. Ова е една до најважните награди за промоција на атрактивни локации за снимање на филмови. Како долгогодишна членка на Европската мрежа на филмски комисии, Агенцијата за филм за изминатата година го пријави прилепскиот регион, односно Мариово и Трескавец, атрактивните локации кои се појавуваат во филмот „Врба“ на Милчо Манчевски. Од вкупно 28 апликации, Македонија се наоѓа меѓу петте финалисти од Словачка, Германија, Италија и Литванија.

Ова е втора година по ред како нашата земја е дел од финалистите, по минатогодишната номинација на локацијата каде е снимена „Медена земја“.

На 2 март ќе се одржи програмскиот дел на Европскиот филмски маркет каде што продуцентите ќе имаат можност да ги претстават своите локации, виртуелно да разменат искуства и да се запознаат меѓу себе, а на крајот следи и доделувањето на Location Award – пренесе Нова Македонија.

Забава

Љубов кон Македонија во латино изведба – Вирално се шири настапот на Ева Карамановска

Published

on

Прекрасен настап на светското првенство во латино танци во изведба на Ева Карамановска. 

Младата танчерка облечена во креација со боите на македонското знаме и музика која допира до срцето, буквално ги освои симпатиите на сите присутни, а снимката од нејзиниот настап вирално се споделува на социјалните мрежи. 

Скопје, поточно Спортскиот центар „Борис Трајковски“ изминатиот викенд беше домаќин на Светското првенство во Латино танци Скопје 2024. 

Емоција која вреди да се доживее! Погледнете го настапот! 

https://www.facebook.com/share/v/1GbadUUjyS/?mibextid=WC7FNe

Continue Reading

Забава

Легендарните К-15 се враќаат на екраните!

Published

on

Легендарното хумористично ТВ шоу К-15 составено од триото Бранко Огњановски, Љупчо Бубо Каров и Васко Тодоров се враќа на екраните наскоро.

По повод 30 години од нивното емитување, оваа информација денес на Инстаграм ја сподели Бранко Огњановски попознат како Миле Паника, а повеќе детали најави наскоро.

Continue Reading

Забава

Панчо од ДНК ја отфрли номинацијата за „Маж на годината“: „Јас живеам во Македонија, не во Северна“

Published

on

Музичарот Владимир Блажев, познат како Панчо од дуото ДНК го откажа своето учество во изборот за Маж на годината. Тој се најде помеѓу номинираните јавни личности на официјалната страница на изборот, заедно со Никола Ристановски, Боби Милевски, Стојанче Ангелов, Стефан Лазаров, Сашко Кедев, Петар Георгиевски – Камиказа и други.

Како што појаснува на својот официјален профил, Панчо не ни знаел дека бил номиниран за наградата, а се откажувал од номинацијата и учеството поради три причини.

– Од една моја блиска и почитувана пријателка само што дознав дека сум номиниран за маж на годината на ,,Северна Македонија” .

Прво и најбитно, сакам јавно да истакнам дека јас не живеам во ,,северна” туку во МАКЕДОНИЈА и со самото тоа би сакал своеволно да си ја откажам номинацијата и учеството!

Второ е тоа што мислам дека не сум заслужил да се најдам помеѓу сите овие номинирани величини, и трето дека сте ми ја утнале категоријата бидејќи сум висок, тоест низок – 168 см. и треба да спаѓам во категорија „МАЖИЊА“ – објави музичарот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк